Астрата не го сака горивото од Макпетрол.
Уште нова, на почеток, се ставаше само на Макпетрол. Мислам дека третата година беше, едно сабајле почна да свети жолта сервис сијаличка на таблата. Закачена на дијагностика, демек вода во филтерот за гориво. А и потрошњата беше за нијанса повисока.
Престанав да ставам на Макпетрол. Почнав исклучиво на Лукоил. До 2018-та, со на Лукоил бензинот - никаков проблем 7 години, буквално. Потрошњата, супер.
2018-та, до средина година негде, почнав пак исклучиво на Макпетрол, пошто Лукоил не ми беше веќе "успат". Едно сабајле палам, со misfire, работеше на три клипа. Го потрошив тоа гориво и натанкав на Лукоил.
Еве повеќе од две години, никаков проблем.
Од Макпетрол ни козметика не купувам веќе. Па и тие вработените со комуњарски манири, по 40 години стаж што имаат, кога одиш да купиш нешто мислиш дома си им отиден, ги мрзи што живеат.