Јас неколку пати окта ја споредував со лукоил и со макоил. Потрошувачката на окта и на лукоил ми е иста. Разликата е во тоа што кога ќе ставам на лукоил, како да ми умреле 10 коња(и онака ги немам многу).
Макоил па многу варира со квалитет. Кога имаат добра пратка е исто како на окта, кога е лоша пратката умираат коњи. Од нас гас немам ставено сеуште, не ме нанел патот натаму.
Од макпетрол ми троши скоро 2 литра повеќе во однос на окта.
За мене и моето возило сега за сега најдобра е Окта, а тоа незначи дека и за секое возило на плин, највише му одговара окта.