Автор Тема: Квалитет на горивата во МК  (Прочитано 578885 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43706
  • Il Moderatore
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3270 на: 07 Декември 2022, 23:52:28 pm »
Интересно текстче. Чисто да се разграничи дека има разлика во горивата, и покрај тоа што (теоретски) исполнуваат исти стандард.
https://www.mojvolan.com/kako-prepoznati-kvalitetno-gorivo-citanje-analize-goriva/


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3271 на: 08 Декември 2022, 01:50:14 am »
Наместо муабет сум слушнал, мое лично искуство, 3 пати досега сум бил во Македонија со моја кола, лично и никаков чек енџен, сецкање или  нешто такво немало. Исто така двајца колеги еден со Bmw 320d 2010, друг со Qashqai 2017 исто без ниту еден проблем возат низ Мк. Ама не на овој оној од онаму во Мк му јавува грешка, секако.

Едина разлика е што во Мк ти полнат ко господин гориво, а во Германија треба сам да си полниш  :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3272 на: 08 Декември 2022, 07:03:55 am »
Мондеото со ТДДИ со западна нафта тропаше многу порафинирано споредено со македонска нафта. А ТДДИ е многу гласен и растропан дизел и многу лесно се забележува порафинирано тропањњ.

На БМВ-то се забележуваше разлика од 100ка полнета во Германија, 98ца/100ка полнета во МК и многу поразличен звук на мотор. Кај првата тојота (тракторчето), македонскиот дизел го трошеше речиси со литар повеќе на 100км на отворено.

На фокусот 95ка и 98ца од Македонија ја трошеше со пола литар до литар повеќе отколку најбуџет бензин во Германија/Австрија/Словенија.

На мерцедесот, не знам, тој и онака звучи грозно кога го малтретираш на 4000-5000вртежи. За крузање исто му се фаќа и секогаш троши од 7 до 10 на отворено.

На сегашната тојота нема разлика, ама таа има бензински систем дизајниран за многу алкохол во бензинот.

Тоа е во текот на речиси десет години експерименти со наше и “западно“ гориво и релативно различни коли. Дека толку ни е лошо горивото, не е. Ама не е и нешто добро.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3273 на: 08 Декември 2022, 07:56:51 am »
Ништо, од толку префинети чујни сетила мора да се седне на по 2 децибела ;D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3274 на: 08 Декември 2022, 08:04:04 am »
Ништо, од толку префинети чујни сетила мора да се седне на по 2 децибела ;D

Па еден децибел разлика поради логаритамската природа на  мерењето на јачината на звукот е многу воочлива разлика. А камоли два децибела разлика.

😐😐😐
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3275 на: 08 Декември 2022, 08:29:16 am »
Ништо, од толку префинети чујни сетила мора да се седне на по 2 децибела ;D

Па еден децибел разлика поради логаритамската природа на  мерењето на јачината на звукот е многу воочлива разлика. А камоли два децибела разлика.

😐😐😐
Да се седне на по 2 деци бела ракија ;D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3276 на: 08 Декември 2022, 09:29:43 am »
Od elektricnive vozila ke bide dobro so nrma da imame gorivo so losh kvalitet :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3277 на: 08 Декември 2022, 09:34:54 am »
Така мислиш, многу беше интересно кога на паркингот во Орман немаше штекер, па преку продолжен кабел не сака да полни. Преку генератор не сака да полни. Ако нема заземјување незнам какво, не сака да полни. Во Охрид нема доволно јачина струјата не сака да полни во викендица. Во Грција во камп паѓа осигурач не може да полни.


Сееееди нема лошо „гориво“.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3278 на: 19 Декември 2022, 17:19:25 pm »
Ништо немате кажано за Shell СК ;D
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Just Do It

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3279 на: 19 Декември 2022, 23:17:58 pm »
Ништо немате кажано за Shell СК ;D
Чекам да потрошам два full резервари па да дадам коментар, еве некои на темава викаат демек да не било измешано со предходното гориво,па ајде да ги послушам.Уште 180км останаа па после вториот фул ќе видиме ај ;D
Иначе до сега, горивово поблиску т.е послично ми е со Макпетрол него ли Лукоил. Зборам за бензин. Со Лукоил за многу мала нијанса е потивка колава и поголема километраажа се тера. Последен пат Лукоил после фул наточено борд компјутерот покажуваше 696км, со Макпетрол обично околу 640км покажува и еве сега Шел 643км покажа. (го имам тестирано компјутеров и е стварно точен, до километар точно пресметува).
Со Шел и со Макпетрол осеќам малце поголема моќ ама со малку побучна работа на мотор и помала километража(не дека нешто драстично во бучноста но јас си приметувам).
Возам Hyundai Tuscon 1.6gdi 132hp 2021 јануари нов земен.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3280 на: 20 Декември 2022, 00:09:54 am »
Е ај сега по твоја логика, како бордот осетил какво гориво имаш турено, па ти пресметал различно ? Нешто по вкусот изгледа ги разликува или како ?

Уште поинтересно ми е што осеќаш разлики на кола од 2021, која впрочем со било кое гориво треба да е нечујна и без вибрации, затоа што е нова. Али океј, не ти го оспорувам муабетот, можда стварно е така.
« Последно менување: 20 Декември 2022, 00:16:55 am n1kola »

Отсутен Just Do It

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3281 на: 20 Декември 2022, 08:42:06 am »
Е ај сега по твоја логика, како бордот осетил какво гориво имаш турено, па ти пресметал различно ? Нешто по вкусот изгледа ги разликува или како ?

Уште поинтересно ми е што осеќаш разлики на кола од 2021, која впрочем со било кое гориво треба да е нечујна и без вибрации, затоа што е нова. Али океј, не ти го оспорувам муабетот, можда стварно е така.
Не би знаел да ти кажам како бордот го пресметувал, но секогаш кога ставам на Лукоил бордот покажува повеќе километража за возење за разлика од Макпетрол и еве сега Шел. Дури еднаш стварно го тестирав и водев евиденција колку КМ сум поминал и стварно се поклопува тоа што го покажува.
Во однос на вибрациите и бучноста е ептен минимална, речиси неприметна но еве јас како возач ја осеќам таа мала разлика, иако е занемарлива тотално.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3282 на: 20 Декември 2022, 08:46:57 am »
Неколку пати е кажано дека тој параметар не треба да се зема во обзир.
Едноставно пресметуваш наточено со измината километража, па дури и тоа со доза на резерва ако се внимава на децималите.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3283 на: 20 Декември 2022, 10:36:07 am »
Изгледа пресметува степен на согорување и сила на движење, би требало да е точно. Еден другар истото го кажуваше, Швајцарија наполнил 1000+ км покажувало,,, во МК, 900 и нешто, Макпетрол му покажувало повеќе км..
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3284 на: 20 Декември 2022, 11:08:07 am »
Tocis gorivo do kapace pun, vozis go trosis, i pak polnis do kapace.
I posle prosta matematika racunas kolku stvarno trosi.
Toa so kompjuterite razuna vo zavisnost od izvozeniot posledno zapamten prosek na potrosuvacka.