maci, не можат они цените да ги качат толку горе колку што можеме ние да платиме поише...Така да џабе им е. Заинат ке им го купиваме колку и да го качуваат...
Е сеа друг момент...Горивото што се танка на бензиските во македонија е секаде истото...Дали сте полнеле на Лукоил, Макпетрол, Окта итн, горивото е истото...ЛукОил кога ги отвори бензиските станици го носеше горивото од надвор, па така да имаше разлика на почетокот...Сега горивото се носи од едно единствено место и тоа од нашата рафинерија односно Окта. Постојат некакви си договори според кој сите се обврзани да земаат горива од таму...Немојте да се чудите, политиката си ја врши работата на начин кој си ја врши. Само присетете се на ситуацијата од пред неколку месеци кога се створи безвезна криза на за горивата кога на ниедна пумпа немаше гориво и плин неколку дена. Тоа не ви зборува нешто? Ако гориво немаа бензиските што набавуваат од Окта, другите требаше да имаат нели?

Многу просто за да се дознае и разбере нешто едноставно. Разликата што ја осеќате е сугестивна, односно не е сугестивна на оние места каде што горивото го крстат пумпашите - поимот крстење значи додавање на одредени количини на нешто во резервоарите со гориво, со цел да се добие поголема количина и да се заработат повеќе пари...Контролата на Лукоил можеби е поголема па шансите да се прават малверзации е многу мала...Приватните пумпи ми се исто така сомнителни па ги избегнувам, и едниствените места каде што најчесто полнам бензин се бензиските на Макпетрол кои работат 24 часа, односно Влае и Карпош3...
За квалитетот на горивата од Окта можам да ви кажам дека се на солидно ниво...Имав прилика да ја посетам Окта, и тоа во лабараториите каде што се тестираат готовите бензиски горива...Односно безоловниот од 95 и 98...Резлутатите кои ги видов при тестрањето беа одлични...Октанската вредност по графиконите беше стабилна и константна...
Но тоа е нормално кога горивото излегува од Окта...Како се одвива процесот понатака само Господ Бог може да знае...