Автор Тема: Скијање  (Прочитано 101086 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Скијање
« Одговори #615 на: 02 Јануари 2024, 08:11:45 am »
Дечки, бил некој на Копаоник преку Косово?

100тина км е разликата во однос на патот преку Србија, би требало и временски 1ч побрзо да се стасува.

Дали е добар патот, дали чистат ако врни снег (ќе одам со спуштена кола со задна влеча) и дали прават некои проблеми на граница? Слушнав дека морало со лична карта оти србите враќале ако имаш косовски печат во пасош.

Или да си фатам сепак џадето преку Србија?

Јас бев пред 2 години. Патот е ОК, до Приштина се вози по автопат, па и натака. До некаде. После е регионален пат, не е лош. Најголема главоболка ми се случи на Јариње, граничниот премин кога морав да чекам за влез цели 2 часа. Односно за влез во Србија. И тоа во работен ден во период околу 11 часот. Од граница нагоре се кривини, патот беше чист. За враќање го изедов немиен. Недела, на граница околу 12 часот, мислев дека гужвата ќе биде после ручек, а не толку рано. Во Скопје стигнав во 21 вечерта. На Јариње Чекав околу 5 часа. Тоа беше лудило. Мои пријатели си тргнаа преку Србија и си стигнале во нормално време...
Здравје годинава ако одам, Косово не ме гледа.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1015
Одг: Скијање
« Одговори #616 на: 16 Јануари 2024, 14:49:20 pm »
Земав одмор крај на Феб ама слабо снег по комшииве а цените Швајцарски. Се мислам да се прошетам со кола до Словенија, гледам по навигација 10 саати. Таму да прошетаме да видиме нешто, па и некој ден да истераме на планина. Како е Словенија крај на Феб? Имаат нешто интересно планини за скијање?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Скијање
« Одговори #617 на: 16 Јануари 2024, 15:00:06 pm »
Имаат нешто интересно планини за скијање?
Од тоа живеат :)

https://www.skiresort.info/ski-resorts/slovenia/

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5470
Одг: Скијање
« Одговори #618 на: 16 Јануари 2024, 15:04:14 pm »
Беа другари на бордање/скијање Брезовица минатата недела, куп снег имаше спрема видеата, а и самите беа задоволни од снегот и цените. Мислам дека ќе паѓа нов снег за брзо.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1015
Одг: Скијање
« Одговори #619 на: 16 Јануари 2024, 15:25:42 pm »
Беа другари на бордање/скијање Брезовица минатата недела, куп снег имаше спрема видеата, а и самите беа задоволни од снегот и цените. Мислам дека ќе паѓа нов снег за брзо.

Со друштво да идеш на 2-3 дена е ОК, ама не е фамилијарно место. Последниве неколку години е ептен слабо и нема мерак со толку слаб снег и високи температури + цениве секоја година идат нагоре а нема ништо екстра да се понуди. До сега ако не се лажам падна 2-3 пати снег и тоа е за целата сезона тука на балканов. Може нешто горе северно е подобро, да се пробаме.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3422
Одг: Скијање
« Одговори #620 на: 17 Јануари 2024, 09:41:57 am »
Ја куќа имам на Брезовица па не одам, катастрофа се терените и општо инфраструктурата, минатата недела последно одење ми беше. 22еур дневна карта, не знам кој им е дилер.
Стазите ги натабаа само прв пат кога падна снег, уште пет пати падна после тоа, ратракот поминува само мал дел од Велика Ливада стазата, Лавја врата ја поминува од горе до стрмниот дел, стрмниот е пепел, да не набројувам понатака...

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1783
Одг: Скијање
« Одговори #621 на: 25 Јануари 2024, 11:00:52 am »
Дали може да се поправи пластичниот завршеток на скиите на долниот дел што ми е означен со стрелка? Зедов скии на заем и (не знам како) ми се скрши тој дел на едната скија.






Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Скијање
« Одговори #622 на: 25 Јануари 2024, 14:46:50 pm »
Да се залепи или ти фали парче? мислам пластика е тој крајот не е материјал од основата.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1783
Одг: Скијање
« Одговори #623 на: 25 Јануари 2024, 15:46:50 pm »
Ми фали скоро цело парче од пластиката, основата е целосна. Дали овие што сервисираат скии можат да излијат некако пластика или било како да го средат?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Скијање
« Одговори #624 на: 26 Јануари 2024, 07:02:42 am »
Појма немам, ама не ми се верува, за таа работа на пластичар најубаво.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Скијање
« Одговори #625 на: 14 Март 2024, 11:40:31 am »
nekoj da ne ide(l) Kaimaktsalan Voras na skijanje, iskustvo da spodeli... !?
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.