Луѓе како е на Шапка. Има ли услови за скијање? Или да не го менувам Маврово. Гледам се жалат жители од Шапка,
Скијам на Маврово , а на Шапка немам одено уште од мал кога ме носеа моите. Пред 25 години.
Какви се жичарите? Има ли топови? Стази за скијање средени? . Маврово е средено навистина, но годинава бев 10 пати, но сакам да ја видам и Шапка.
ГОдинава цело време скијам во Маврово, со исклучок на еден викенд на Пониква. Очекував повеќе од Пониква, но ништо. Магла фати и не се ни пуштив. Денот така ми помина.
Ако би отишол Шапка тоа би било Вторник, Среда или некој друг работен ден, па од гужва не стравувам. Важно ми се само условите. Инвестирано ли е нешто воопшто или оставено е на забот на времето што би рекле?