Како мераклиски си ги средуваш скиите... Браво.
Да не нудиш услуга сервис можеби?
Фала, искрено не би ти се нафатил засега се додека не ја споредам мојата аматерска работа со некој пари што зема. Не сакам да ти наплатам за нешто што ќе го добиеш поквалитетно направено на друго место. Башка од Битола сум.
е откажав кога сфатив дека без фиксирање со стеги или менгеме не можеш да ги наостриш кантовите, можеш само да ги поебеш...
Ајде не велам не пошто немам пробано, ама се сомневам во твоето тврдење. При оштрењето се симнувал многу малку метал, па ако не се наоштрат од едно поминување два три пати ќе поминиме, ништо страшно. Со ваква алатка, ако се лизга правилно, 90 степени се 90 степени.
Инаку кај мене не се фиксирани така стојат на маркери и напред на две парчиња паркет, толку, а замисли даската за пеглање колку е нестабилна, а баш во моментов ми текна дека со hot glue можам одоздола да ги фиксирам.

па ме интересира дали е подобро да купам скии нови од тука или да си изнајмам таму.
Да си купиш, пари дадени за изнајмени скии\чевли се џабе фрлени пари, посекако ќе купиш.