Благодарение на телефониве што сите ги имаме во џеб, доволно е една слика/видео да се направи и ете доказ дека не е тумбано, кога мењав шофершајбна си сликнав и готово.
немам намера да сликам за да му докажувам на некој да не треба и архива да направам
Кога купуваш на старо сакаш да има историја, да видиш како претходниот сопственик се грижел за аутото, затоа се бара сервисна книшка, фактури/сметки за тоа што е сменето како и фото/видео доказ во случај на сообраќајка/град/фарбање/скршено стакло...(иначе муабетот се сведува на...на паркинг удрив стубче, затоа е фарбана хауба, браник, крило, сменет фар...итн). Во спротивно може само да се нагаѓа и нормално купецот ќе има основ да ја спушти цената. Али никој не те тера...гледам кај нас и на жими мајка се купуе...ќе згазне на тркало ќе ја заклати ,,мајсторот“ аааа коска е, чисто ново, ни да тропне ни да Скрцне, стегната, здрава е за возење (као лечи рак и туберкулоза).
Се согласувам ама не потполно. Сервисни книшки веќе почнаа да штанцаат и нашиве сервиси. Роднина кој има сервис, и си шитка коли уште одамна викаше. Вие не знаете како се продава побрзо. Има пријатели по сервиси, и особено ако е купено тука за 15 минути си ја средува работата. 10 печати од автосервисот и колата од 230.000км има 130.000км со сите можни сервиси.
И по автосалоните газдите и мајсторите најчесто 95% беа сите на Автопазар и пробувајќи да најдат пациенти како и за продавање, така и за откуп. И сега некои од нив си отворија автосалони и сервиси и само си го легализираа тоа што го работеа порано.
Сум имал прилика некогаш да отидам со него и ми вели дојди ќе одиме да го видиме пријателот од автопазар и од автосалон газдата еј кај си бе Р***. ТОј не е проблем да му даде нова сервисна и печат и како што реков за 15 минути да си добие сервисна со сите сервиси во официјален сервис.
Верување на македонци не треба многу, а на сервисите па ич.
Трето еве јас последниов сервис го извршив кај тука многу познат мајстор на форумов. Немаше време да ми извади лист на кој ќе пишува што и како ми сменил. Добро може и не сака да ги пријавува работите заради данок и останато, но како и да е јас пред него видов дека си смени се што треба и знам дека е во ред работата. Тоа не значи дека јас не сум ја сервисирал колата.
туку напротив, дури и повеќе од тој што има печати и сервисна книшка