Автор Тема: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo  (Прочитано 65304 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #225 на: 22 Април 2020, 23:29:51 pm »
Да ама ова собира скоро два литра повеќе уље.
Едвај литро, ама небитно. Филтер за масло и филтер за воздух 4.000 денари? Тешко дека некој друг ќе го победи тоа. Среќа нема кабински филтер, инаку ќе отидеа 200+ евра (со луксузен попуст):)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #226 на: 23 Април 2020, 00:13:42 am »
Незнам зашто ама редовен сервис на 30 000км на Кеди 2018 2.0 тди 75кс пред нова година беше 15000+ддв.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk

Си наплаќаат 2 сервиси по 15к километри ;D
Втор редовен сервис иначе, првиот беше околу 12000ден +ддв на 15 000км.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #227 на: 23 Април 2020, 00:20:50 am »

Много је, куме!

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #228 на: 23 Април 2020, 00:35:58 am »
Wow, не очекував дека ќе се развие конструктивна дискусија во темава. Одлично.

Тие што ме знаат лично знаат дека сум голем љубител, ентузијаст на возила и целата технологија, наука и механика околу нив. Веројатно и знаат дека ова возило во овој МПВ формат не ги отсликува моите вистински желби како моторхед. Напротив, дури бев и голем серко, кога се вклучував во дискусии поврзани со вакви возила.

Кога бев во потрага по поголемо возило, во игра ми беа скоро сите „атрактивни„ модели кои што можат да се купат на нашиот пазар. Влезните варијабли во функцијата за избор беа: простор, надежност, турбо бензин, модел на возило кој што не е досаден, ако е половно да е купено од наш дилер и одржувано кај него.

Возилово се појави случајно како гром од вердо небо, без воошто да влезе во филтерот на мојата потрага. Беше МПВ, според моите критериуми - комбе и беше NO GO.

Арно ама, бељата се случи кога му се јавив на момакот и отидов да го видам и да го повозам.

После првите 500м извозени, едноставно знаев дека ќе одам на нотар и ќе го земам. Ете после неколку години сеуште го имам, ме служи фантастично, и соодветно на тоа му ја давам целата нега и внимание што ја заслужува.

Тоа што кликна во мене при изборот беше практичноста, удобноста, комфорот, тишината, подвозјето, рафинираноста, завршната обработка, па и брендот. Не ми беше битно колку троши, колку ќе ме чини сервис, дали има скапи гуми. Знаев дека тоа е тоа што го барам, а го немаше во Голф, Октавија, Суперб, Пасат, Фокус, Мондео, БМВ 3, кои што патем се одлични возила според мене.

Дали ова возило е најдоброто нешто што го има во класата? Не
Дали можев за истите пари да купам друго возило, кое што е повисока класа и поголемо? Да.
Дали ќе ми беше ќеиф да го возам со цело семејство внатре и да крузам со него некаде покрај море? Не.

Сервис.

Во принцип сите возила кои што ги поседувам и сум ги поседувал добивале топ нега и внимание од моја страна. Секогаш сум давал предност на овластени сервиси, и не секогаш сум поминувал евтино и добро.
Со Мак Ауто Стар сум немал никакви проблеми, во однос на услуга и сервис. Со цените знаат да се високи, и претеруваат. Ама никогаш не потфрлиле во однос на довербата што сум ја дал. Никогаш сум немал дилема дали ако седнам во возилото и извозам 3000км до некоја дестинација, со семеството во него,  дека тоа ќе ме служи беспрекорно.

Истиот однос и доверба го имам и со МИ-Да.

Никакви пофални зборови неможам да кажам за Аутомобиле СК, или ФИАТ сервисот кај нас. Ужас.

Знам дека има и поефтини сервиси, и дека има и поефтини делови.

Како што кажа некој од членовите погоре, ако сакаш да возиш премиум значка, биди спремен да платиш и премиум сервис. Тоа ми беше јасно уште кога го купив возилово.

Секако дека во иднина кога ќе треба да го менувам, повторно ќе го сменам за Мерцедес, поголем, и ако ме држи памет и здравје, се надевам со АМГ значка.

А до тогаш, ќе уживам во ова парче метал кое што ме служи верно.

« Последно менување: 23 Април 2020, 00:50:04 am zlatkoa »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #229 на: 23 Април 2020, 00:49:27 am »
Ко што реков пред некој ден, најбитна работа е колата да фати „резонанца“ со тебе и со тоа што ти праи ќејф. Џабе све друго. Ова очигледно фатило иста фреквенција со тебе :)

Да продолжи да те служи уште долги години. Сервис ко сервис, кога годишно даваш по 1800-2000е за гориво (тоа е мојот просек отприлика), сервисот е споредна работа. Нормално дека ќе си коментираме за сервисите, и секако дека сакаат сите сатарче да удрат, кај можат. Изборот е да го сервисираш во овластен за скапи пари, со некоја си доза на сигурност (дискутабилно), или да најдеш доверлив сервисер за твојот модел на возило кој ќе може да ја одржува исто така солидно, и нешто поефтино - но без сервисна историја од овластен сервис (често и без фактура и документ, па ко у старо време, ќе си запишеш у тефтер километража, цена и датум)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #230 на: 23 Април 2020, 00:57:54 am »

Во право си за сервисите, не ја негирам алтернативата на овластениот сервис која што е поефтина, посимпатична.

Од лично искуство во минатото, веќе ми е смачено да се пикам во канал да проверам дали е сработено како што треба од „мајсторите„ или да дијагностицирам проблеми сам за да му дадам добар инпут на мајсторот за да знае каде да чепне.

Времето ми е по драгоцено од се друго во овој период од животот. Парите секогаш се проблем, секогаш се малку. Ама ако треба да изберам помеѓу скап и effortless сервис во овластен и ефтин сервис кој што ќе бара посветување мое време и енергија. Ќе изберам да си платам и да ми се тргнат од к*рац мајстори и експерти што кликаат дијагностики од Али Експрес.

Тоа е.
 
Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #231 на: 23 Април 2020, 01:33:49 am »
Ти сепак бележи си ги деловите што ти се за менување и провери дали ти ги смениле, оти стално има вишок делови и масло на лагер кај овластениве сервиси после попис.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #232 на: 23 Април 2020, 07:37:09 am »
Мене поголем проблем од финаниска гледна точка ми се пречестите сервиси кои што се тераат на балканов а како изговор се користат лошото гориво, нечист воздух итн одколку дали редовен сервис бил 30-50% поскап од конкуренцијата. Едно е да правиш сервис на 10.000 а друго е на 20.000 или 30.000.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #233 на: 23 Април 2020, 07:59:45 am »
Да ама ова собира скоро два литра повеќе уље.
Едвај литро, ама небитно. Филтер за масло и филтер за воздух 4.000 денари? Тешко дека некој друг ќе го победи тоа. Среќа нема кабински филтер, инаку ќе отидеа 200+ евра (со луксузен попуст):)
Цените са толку. Истиов сервис за иста кола Силвер Стар Софија 390 лв. Сатар не сатар, сам си решаваш што ќе  правиш.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #234 на: 23 Април 2020, 08:12:30 am »
Мене поголем проблем од финаниска гледна точка ми се пречестите сервиси кои што се тераат на балканов а како изговор се користат лошото гориво, нечист воздух итн одколку дали редовен сервис бил 30-50% поскап од конкуренцијата. Едно е да правиш сервис на 10.000 а друго е на 20.000 или 30.000.
Тоа е твој личен избор. Никој не те спречува колата да ја сервисираш на 35.000км (или воопшто да не ја сервисираш). Лично јас мислам дека тоа се сервисни интервали за флотни возила (рент-а-кар и оперативен лизинг и слични финти), и дека тој е за коли кои после 5 години се книжат како расход. И повторно, лично јас, во Скопјево (и МК), со ваква гадотија од прашини и нечистотии у воздухов, и со вакво лањо од гориво, не би му препорачал на никого такви сервисни интервали. Али, ти кажав, твој избор е, може да си го одредиш сам сервисниот интервал, поготово после гарантен период (мада и во гаранција може да се држиш на тоа што го пишува во упатството, а не според препораките во сервис).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #235 на: 23 Април 2020, 08:42:56 am »
Малце си ја утнал за серисниот интервал за флотни возила, особено фактот во Европа каде што 70% од сите продадени возила се флотни. Па така кога идете за Германија да купувате возило, шансата дека станува збор за флотно возило е голема. Секако, некој тоа го гледа како минус, некој како плус. Јас би рекол далеку побитно дали возилото е користено на отворено или во град.

Инаку, флотни возила како овие рент а кар ги користат од 12 до 24 месеци или близу кога ќе им дојде време за прв редовен сервис, и потоа ги продаваат. Всушност тука многу и заштедуваат зошто обично се веќе продадени без направен прв редовен сервис. А во врска со квалитетот на воздухот, превентивно јас би менувал еднаш годишно филтер за воздух и полен САМ зошто не гледам причина за тоа да идам на сервис, било официјален или кај некој во гаража. Но, сосема е друг муабетот ако живееш во Скопје но возиш постојано на отворено, рецимо Скопје-Солун. Прашина нема, воздухот е ОК и си цепаш. Кај сите возила, промената на филтер за полен е всушност на временсти интервал од 12 месеци, мооожеби на скроз ново ауто е 24 месеци а потоа се смалува на 12.

Сервисниот интервал неможе сам да го одредиш, туку како што препишал производителот. Додуша, во Македонија и сличните држави на неа серисниот интервал е всушност станат личен избор, дали на сопственикот или на сервисот сеедно. Еднивеи мислат и прават услуга на колата а другиве си тераат бизнис. Веројатно германциве што прават редовни сервиси на 15, 20 или 30к не се глупи и не им се расипуваат автомобилите.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #236 на: 23 Април 2020, 09:17:55 am »

Не викам дека се глупи, туку дека имаат финансиско рационале за такви сервисни интервали.
Инаку не гледам причина зошто сам не може да си го одредиш сервисниот интервал? Јас си го имам одредено сервисниот интервал на еднаш годишно или не повеќе од 15.000км за 159-ката (а и во согласност со некои препораки од западните земји), иако кога ја земав колата од Германија имаше 2 редовни сервиси у 4 години, правени на околу 35.000км. Исто така, на 147-цата исто го имам сам одредено сервисниот интервал на година дена или не повеќе од 10.000км, а по упатство е 20.000км. Возилата се возат претежно во град, па наоѓам оправдание во пократките сервисни нтервали.

Што се однесува до воздухот и чистината, само два мои лични примери ќе дадам:
1. Колата што ја земав од Германија на sounproofing тепихот на firewall-от што се наоѓа помеѓу кабина и мотор, немаше воопшто прашина. 5 години возена во Германија и 90-тина илјади км. После една година, кај мене веќе тој „тепих“ или тапацир, беше сив и полн со прашина. Да не зборувам за прашините врз пластичните црева и моторот, кои од време на време и ги чистам и бришам, а не постоеа кога ја земав колата.
2. Ка мојата 166-ка, некаде во 2014 година (прва регистрација 2006 беше колата и околу 200.000км во тоа време), пред да ја продадам, ми се расипа бравата на возачката врата. Колата е купена во МК и возена е до 2011 година како службено директорско ауто, често пати до Љубљана). Кај Жарко имаше донесено 166-ка од швајцарја за растурање, со околу 300.000км од 2001 година, од која го извадив механизмот на бравата. Во просторот помеѓу тапацирот на вратата и самиот лим од вратата беше ко нова, за разлика од мојата која беше земја и кал. Споредбата беше неверојатна.

Од друга страна, Стило-то кога го купив, на прв сервис го однесов после 1 година и околу 15.000км, во сервис ми кажаа „почесто мењај уље, на 10.000“. Јас им кажав, „ако е така, зошто е предвиден интервал од 20.000 во сервисната книга што ВИЕ ми ја дадовте“. И така остана, никој не ми кажа дека гаранцијата не важи затоа што не сум ја почитувал нивната препорака.
Никој не ти брани колата да си ја сервисираш со својот ум и сам да си одредиш кога ќе ја сервисираш... твоја си е.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #237 на: 23 Април 2020, 09:41:15 am »
Мерцедес можеш да носиш на сервис кога ќе ти текне, но кај Мерцедес има нешто што се вика Mobilio (за коли произведени од 1.4.2008) - ако од почеток се сервисира на макс. 1 година автоматски ти се продолжува за 1 година (највеќе смее да трае 30 години) - било каде низ Европа да ти се случи нешто добиваш помош од локалниот Мерцедес застапник.

Сервисов важи и за увезени мерцедеси во МК ако во земјата од каде доаѓаат биле редовно сервисирани.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #238 на: 23 Април 2020, 10:09:46 am »
Мерцедес можеш да носиш на сервис кога ќе ти текне, но кај Мерцедес има нешто што се вика Mobilio (за коли произведени од 1.4.2008) - ако од почеток се сервисира на макс. 1 година автоматски ти се продолжува за 1 година (највеќе смее да трае 30 години) - било каде низ Европа да ти се случи нешто добиваш помош од локалниот Мерцедес застапник.

Сервисов важи и за увезени мерцедеси во МК ако во земјата од каде доаѓаат биле редовно сервисирани.
Истово го имам за мојот голф пошто го сервисирам кај официјален. Со секое идење ми тураат една налепница која што важи една година и добивам помош низ цела Европа, вклучително и хотелски трошоци.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #239 на: 23 Април 2020, 11:09:37 am »
Мерцедес можеш да носиш на сервис кога ќе ти текне, но кај Мерцедес има нешто што се вика Mobilio (за коли произведени од 1.4.2008) - ако од почеток се сервисира на макс. 1 година автоматски ти се продолжува за 1 година (највеќе смее да трае 30 години) - било каде низ Европа да ти се случи нешто добиваш помош од локалниот Мерцедес застапник.

Сервисов важи и за увезени мерцедеси во МК ако во земјата од каде доаѓаат биле редовно сервисирани.

Лани во месец Мај бев на road trip низ Унгарија-Австрија-Словенија-Хрватска

На пат од Љубљана кон Загреб ми светна check engine сијаличка со жолта боја и со инфо на борд компјутерот да посетам сервис кога ќе можам.

Претходно заглавив во метеж на автопат во Словенија и чекав во место некои 20 минути, и притоа постојано Старт-Стоп системот си ја работеше работата.

На влез во Загреб отидов во официјалниот сервис за Мерцедес Бенз, и тоа беше скоро пред истек на работно време.

Им кажав што се случило, ме сместија во кафетеријата и ми рекоа да направат дијагностика и ќе ми дадат решение на проблемот.
За 20 минути дојде инжењерот и ми кажа дека имало пад на напон на AUX акумулаторот заради дотраеност на акумулаторот и дека треба во догледно време да го сменам. Го ресетираа компјутерот за да нема грешка, ми рекоа да не го користам Старт-Стоп системот додека не дојдам до Скопје и да се јавам на Сервис во Скопје, бидејќи сервисниот налог го префрлиле таму.

Си го допив кафето и ги изедов колачињата што ми ги дадоа, платив нешто под 10 евра отприлика за услугата и за неполни 60 минути веќе бев тргнат да се шетам низ Загреб.

Дојдов во Скопје, се јавив на телефон во МАС ми рекоа дека има налог отворено, знаат што е проблемот и дека можам да дојдам на сервис „утре во 9:00„.