Автор Тема: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo  (Прочитано 65325 пати)

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2678
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #165 на: 17 Април 2019, 23:20:33 pm »
Kako derat i na delovi i na rabotna raka, pogotovo rabotna raka.
A ti naplatile i za demontaza na filterot za vozduh- vika demontaza/montaza.

A tek cenata za rabotna raka promena na akumulator...

Gledam sepak ti naplatile i za podvozjeto.

Pod garancija ti e kolata?
Ti pobara takvo ulje ili takvo stavaat difolt?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #166 на: 17 Април 2019, 23:22:57 pm »
Филтер елемент за клима 4864 денари со 30% попуст. А вие за акумулаторот се фативте...

Тоа е тој ранг на „трошок на маржа“ штом ќе залепиш налепнца од официјален. :) Акумулаторчето е како за мопед, од FIAMM оригинал ОЕМ со мерцедес лепенка. 2500-3500 МКД некаде му се движат цените на сличен од друг производител.

Да такво е сега прогуглав малце да се едуцирам. Можев да поминам со 50% од цената, сам ќе го сменев, ама бидна. Ете ќе врти амблемот на Мерцедес на зградата кај мостот Близнак во Ново Лисиче еден ден од маржата што мене ми ја наплатиле за акумулаторот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #167 на: 17 Април 2019, 23:23:16 pm »
Чек малце, дали факинг работен саат на механичар им кошта 40 евра?????????????????

Хирурзи да не работат у Мак Аутостар? Астронаути на НАСА да не се случајно?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #168 на: 17 Април 2019, 23:25:27 pm »
Kako derat i na delovi i na rabotna raka, pogotovo rabotna raka.
A ti naplatile i za demontaza na filterot za vozduh- vika demontaza/montaza.

A tek cenata za rabotna raka promena na akumulator...

Gledam sepak ti naplatile i za podvozjeto.

Pod garancija ti e kolata?
Ti pobara takvo ulje ili takvo stavaat difolt?

Не побарав ништо друже. Отидов во овластен и им реков треба редовен сервис и да се средат Х, У работи кои што ги имав приметено. Им ја оставив колата и отидов на работа. Ми се јавија да си ја земам, си платив и си отидов.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #169 на: 17 Април 2019, 23:31:37 pm »
Чек малце, дали факинг работен саат на механичар им кошта 40 евра?????????????????

Хирурзи да не работат у Мак Аутостар? Астронаути на НАСА да не се случајно?


Со оглед на тоа што тешко се наоѓа добар мајстор за да го вработиш (бидејќи тие што си го знаат занаетот си избегаа низ Западна Европа), ќе мора да го платиш солидно за да го имаш и за да работи како што треба. Нормално, тоа ќе го плати крајниот потрошувач.

За споредба во Аутомобиле СК не знаат да сменат четкици на анласер и алтернатор. Не правеле такви зафати, само делови менувале. Четкици! Изговорот е дека немаат мајстори за такви зафати. Овластен сервис за Фиат. Немам зборови.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8693
  • Пичлеме
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #170 на: 17 Април 2019, 23:36:33 pm »
Од една страна се буниме дека сме последни во светот, дека се ниски платите, дека ова, дека она, дека нема професионалци, дека се од улица собрани, па ставиле делови од Варбург... ете во овој сервис можеби се професионалци, не се од улица, ставаат оригинални делови...ама си кошта тоа... можеби се платени со европска плата како што му доликува на реномиран сервис за Мерцедес, затоа и кошта третманот.

Никако крајот да ни се најди :)

Ајде за убоо да е сервисот, Мерцедес си е Мерцедес, па макар и бел :)

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2678
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #171 на: 17 Април 2019, 23:40:27 pm »
Za redovniot servis koj sto si go napravil  i ne treba nekoj mnogu strucen majstor.
Barem za ovakvi raboti mozes da pomines dosta poevtino na drugo mesto a so ist kvalitet na delovi.
Odnosno po moznost podobri, na uljeto mislam.

Da ne me svatis pogresno, jas se iznervirav koga gi vidov cenite.
Te puknale skoro puta dva.

A tek sega gledam deka akumulatorot e ustvari akumulatorce od 12Ah, ako dobro svativ. A vo smetkata pisale 70Ah.
Sramota e ovakvo derene.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8693
  • Пичлеме
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #172 на: 17 Април 2019, 23:44:33 pm »
Скапо е релативна работа. Газдава со Мерцедесов можи зема 4300 евра плата. Не е проблем да издвои 500 за сервис :)

Јас на пример за 1000 евра сменав цела предница, 4 амортизери, задни чаури, голем сервис компет, мал сервис плус ја регистрирав... цела година ги собирав парите ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #173 на: 17 Април 2019, 23:47:35 pm »
Скапо е релативна работа. Газдава со Мерцедесов можи зема 4300 евра плата. Не е проблем да издвои 500 за сервис :)

Јас на пример за 1000 евра сменав цела предница, 4 амортизери, задни чаури, голем сервис компет, мал сервис плус ја регистрирав... цела година ги собирав парите ;D
Те одрале и тебе ;D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #174 на: 17 Април 2019, 23:49:40 pm »
Скапо е релативна работа. Газдава со Мерцедесов можи зема 4300 евра плата. Не е проблем да издвои 500 за сервис :)

Јас на пример за 1000 евра сменав цела предница, 4 амортизери, задни чаури, голем сервис компет, мал сервис плус ја регистрирав... цела година ги собирав парите :)

Скупо е да не се лажеме. Си се спремав јас за бричење по одамна, знаев дека ќе ме фукнат за сервис. Ама од друга страна имам еден куп работа и обврски што не ми дозволува да се замарам сам со сервис, или па да барам мајстор во кој што немам доверба, па да барам сам делови...И тоа е. Си платив.

Реално сам можам да си ги сервисирам возилата, не ми е проблем. Време немам. И гаража немам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #175 на: 18 Април 2019, 07:14:04 am »
Чек малце, дали факинг работен саат на механичар им кошта 40 евра?????????????????

Хирурзи да не работат у Мак Аутостар? Астронаути на НАСА да не се случајно?


Со оглед на тоа што тешко се наоѓа добар мајстор за да го вработиш (бидејќи тие што си го знаат занаетот си избегаа низ Западна Европа), ќе мора да го платиш солидно за да го имаш и за да работи како што треба. Нормално, тоа ќе го плати крајниот потрошувач.

За споредба во Аутомобиле СК не знаат да сменат четкици на анласер и алтернатор. Не правеле такви зафати, само делови менувале. Четкици! Изговорот е дека немаат мајстори за такви зафати. Овластен сервис за Фиат. Немам зборови.

Еве на пример овластените ревизори како наплаќаат и фактурираат саатнина, погледни на страна 7 ако те мрзи целото да го читаш:
http://www.iorrm.org.mk/doc/Upatstv%D0%BEo%20za%20presmetka%20na%20ceni%20za%20revizija%2022-11-2018.pdf

Ова што го фактурираат за проклето менување на масло не е претерувањт туку аздисување, повеќекратно надмашување на максималната вредност на работниот час.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #176 на: 18 Април 2019, 07:17:11 am »
Може имаат ангажирано директори у сервис..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #177 на: 18 Април 2019, 07:21:51 am »
Честито сервис и не му ја мисли многу!

Иначе зашто ти прскале гумици? Ти крцка на лежечи?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7077
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #178 на: 18 Април 2019, 07:35:02 am »
Чек малце, дали факинг работен саат на механичар им кошта 40 евра?????????????????

Хирурзи да не работат у Мак Аутостар? Астронаути на НАСА да не се случајно?


Со оглед на тоа што тешко се наоѓа добар мајстор за да го вработиш (бидејќи тие што си го знаат занаетот си избегаа низ Западна Европа), ќе мора да го платиш солидно за да го имаш и за да работи како што треба. Нормално, тоа ќе го плати крајниот потрошувач.

За споредба во Аутомобиле СК не знаат да сменат четкици на анласер и алтернатор. Не правеле такви зафати, само делови менувале. Четкици! Изговорот е дека немаат мајстори за такви зафати. Овластен сервис за Фиат. Немам зборови.

Еве на пример овластените ревизори како наплаќаат и фактурираат саатнина, погледни на страна 7 ако те мрзи целото да го читаш:
http://www.iorrm.org.mk/doc/Upatstv%D0%BEo%20za%20presmetka%20na%20ceni%20za%20revizija%2022-11-2018.pdf

Ова што го фактурираат за проклето менување на масло не е претерувањт туку аздисување, повеќекратно надмашување на максималната вредност на работниот час.

Ревизор користи само памет и пенкало, пенкало е 10 денара (или гатис ако го стопил од кладилница), а на сервисер му треба: алат, дигалка, ХТЗ опрема, простор, струја, греење, памет (пожелно, но не е задолжително)....
Епа се тоа си кошта...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #179 на: 18 Април 2019, 07:41:27 am »
Свесен сум за тоа, но глупост е да сакаш да го исплатиш сето тоа со месец дена работа зарем не? А сумјам дека работникот таму зема 2000 евра плата месечно.