Оддамна не сум ја ажурирал темава.
Возилото си ја извршува задачата за која што е купено, и сум задоволен од тоа што го нуди.
Во текот на месец Април, возилото доби комплетен третман кај
@dame Хемиско чистење, полирање на каросерија, керамичка заштита.
Јас сум многу задоволен од крајниот исход, и имам само пофални зборови за работата, посветеноста и пристапот на
@dame Сосема ново возило ми испорача, кое што немаше буквално никаква аномалија или пропуст на ниту еден дел од него. Внатрешно и надворешно.
Еве го линкот од галеријата на ФБ профилот на Даме каде што успеал да го документира процесот на работа врз возилото.
Бидејќи не успеав да го сликам возилото веднаш, штом го превземав од третмант кај
@dame еве неколку слики кои што се сликани после првото перење кај
@Bu$aV MeGaNe Знам дека гумените патосници се грди, ги сменив со штофените веќе, ама ме мрзеше да пресликувам:
Пред некое време бев во Икеа во Софија, и така товарен до плафон4е ми се виде симпатично како е клекнато возилото