Ух, добро прашање. Треба да ги возам бек-ту-бек за да дадам најконкретна споредба. Мииислам дека Кугата е поголема, ама со нијанса помал багажник. Тука се некаде, да бидам искрен, и се сведува на што може и со која опрема да се добие за конкретните пари..
Мада, сигурен сум дека Кугата (исто како Мондео со 1.5 тдци) е сосема океј, иако не е ракета - исто како Тусон/Спортаж со 1.7 црди.
Корејците даваат повеќе гаранција, Фордот има подобро име и brand recognition и полесно би се продал. Одржувањето би очекувал да е тука-некаде (мада, претпоставувам дека би било поефтино кај корејците за нијанса), дизајнот е субјективен. Кај Kuga има почувство дека си во SUV во однос на Корејците, на некои тоа им е битно.