Автор Тема: Fiat Punto чудно сецка  (Прочитано 5479 пати)

Отсутен chamaecyparis

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Fiat Punto чудно сецка
« на: 05 Септември 2017, 18:25:06 pm »
Здраво дечки, може некој ке знае да помогне  :) Прво детален опис на постанокот на проблемот :
Имам Фиат Пунто 1.9 ЈТД 2000 година. Проблемот се јави на одмор во Црна Гора каде го утнав патот од Подгорица према Будва (преку Цетиње) наместо према Суто Море по рамниот автопат. Е сеа незнам кој знае кон Цетиње е стрмен автопат и само што тргнавме од Подгорица на шо знам немаше ни 15км по узгорнините колата изгуби душа како да снема нафта, давам гас таа успорува и изгаси. Верглам верглам јок ( на 50 степени на сонце на кривина каде летаат коли автобуси и шлепери зашто зимаат залет)  :( Отварам хауба глеам ко теле џабе тресев цревата кај филтерот за нафта да не затаило нешто едно 10 15 мин. и оп упали возам 200 метри исто пак мртва. Праам пак така 10 15 мин. пак упали урлам хагоре као да прими си викам да не отишла нафтата наназад мада беше полна со нафта ама џабе не е до тоа. После застанаа едни црногорци викаат ај да пробаме со кабли да појачаме колата да прими поише ама некјеше. Вика ке те свртиме надоле нека улета и ке упали ке прими. Арно ама ЈОК ни да чуе. Некако 2-3 саати праев така со тресење на црева ова она а може и тоа врска да немаше туку после одмарање палеше незнам арно ама стигнав некако до Цетиње. Одма кај сервисер чоекот влага у кола пали вози се враќа вика колава нишо не и е вози корне урла. Хммммм Ок со страв викам ај ке одам па ако застане ке мислиме тогаш. Од тој момент колата не угаси ниеднаш. Уште вози еве ја арно ама пројавува чудни ситуации: Коа ке удри на дупка ја губи снагата исто како таму како да нема нафта и морам да отпуштам гас да дадам одново и продолжува. И така си прави секад коа ке удри на дупка а иначе вози пали нема проблем. Некоја идеја шо мака може да има? Инаку пред да одам на одморот сменив уље и филтри за воздух уље и нафта. Пред ова никад не сум имал проблем со колата. Па сумљата ми е у несоодветно сменет филтер за нафта. Тоа е тоа ако има некоја идеја добредојдена е зашо ке одам на викенд пак надвор од Мк па да не гуркам пак :))) (сервисерот ми е отсутен инаку ке ја однесев) Позз  ;) :D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Fiat Punto чудно сецка
« Одговори #1 на: 05 Септември 2017, 18:29:38 pm »
Провери филтерот за нафта и цревата.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Ilija_f

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Fiat Punto чудно сецка
« Одговори #2 на: 05 Септември 2017, 20:16:16 pm »
Замени ја пумпата за гориво во резервоар.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Fiat Punto чудно сецка
« Одговори #3 на: 05 Септември 2017, 21:09:55 pm »
одма дијагнози со промени на делови...и така менувај си по ред може ќе го најдеш проблемот. тебе ти треба саглам сервисер проверка филтер, црева, довод гориво, мерење ниски притисоци во систем за гориво, итн итн. добар дијагностичар ти треба за да не луташ и фрлаш пари.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Fiat Punto чудно сецка
« Одговори #4 на: 05 Септември 2017, 23:11:58 pm »
Ја можда глупост ќе лупнам, ама советов е бесплатен: провери ги заземјувањата за шасијата дали се стегнати или кородирани...

Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: Fiat Punto чудно сецка
« Одговори #5 на: 06 Септември 2017, 01:24:02 am »
Фиат/Алфа од тоа годиште имаат проблеми со конектор на потенциометарот за гас најверојатно и од тоа ти сецка кога погодиш некоја дупка би требало да го јави тој проблем на дијагностика.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Fiat Punto чудно сецка
« Одговори #6 на: 06 Септември 2017, 07:59:46 am »
Сензор на радилица! Ајде трк до на мајстор да ти сменат!

Чим после оладување (макар и кратко) пали, а пред тоа не сака, да знаеш е сензор на радилица.

Ако не се лажам треба да е околу 1500-1700 денари.

Имав речиси сличен проблем кај мене на Алфата (1.9JTD).

Убавото е што и на дијагностика покажува.

Отсутен crxagressive

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
  • Don't drink and drive, just smoke and fly
Одг: Fiat Punto чудно сецка
« Одговори #7 на: 14 Ноември 2017, 18:34:21 pm »
Eve zavrsiv rabota na servis i na dijagnostika pokazalo samo egr neso maf au au ne svativ ama rece ne e duvana na avtopat ili slicno ama ne e opasno nemalo potreba od menjanje a drugo nemalo problem. Smenile filter za nafta i rekoa bil mnogu los i kineski i falelo nekoja gumicka (iako bese smenet pred mesec dena otkako rokna vo PSS ) i toa bil najverojatno problemot. Pa toa e toa fala na sovetite pa ke vidime dali pa ke go pojavi problemot i da barame drugo care :)

Отсутен crxagressive

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
  • Don't drink and drive, just smoke and fly
Одг: Fiat Punto чудно сецка
« Одговори #8 на: 20 Ноември 2017, 18:26:42 pm »
Е сеа неќе ни да чуе да запали. Вергла суво без знаци на живот како да нема нафта а има пола резевоар. Како што спомна погоре nikola_bb ваљда нетреба да сменам се па да откријам дефектот каде бил. Од сервисот дијагностиката на компјутер не покажала ништо проблем. И така вергла ли вергла без абер од живот. Сменет нов филтер за нафта као он бил лош ама изглеа џабе 1000 денари за нов оригинален филтер.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Fiat Punto чудно сецка
« Одговори #9 на: 20 Ноември 2017, 23:19:07 pm »
Ладна или топла?

Ако ладна не пали...е малку чудно.

Топла ако не пали ти кажав. Сензорот.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Fiat Punto чудно сецка
« Одговори #10 на: 20 Ноември 2017, 23:43:33 pm »
Имав таков случај со бившиот Меган, си стоеше во гаража и  одам да ја палам за излегвање, од нигде никаде колата вергла и не дава никаков сигнал за палење исто како кај тебе... барај ова да не е, барај она да не е и на крај најдов на интернет кај се наоѓа тој сензорот на радилица, го извадив (со 2 штрафчиња е), го исчистив и си запали без проблем. Ништо не те кошта, најди го исчсти го и пробај дали ќе запали.

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Fiat Punto чудно сецка
« Одговори #11 на: 21 Ноември 2017, 23:17:13 pm »
дали пумпата во резервоарот работи?
дали доага струја до дизните?
дали иде гориво од пумпата до дизните? знае да зеза вентилот за висок притисок на пумпата стое.

сега засега тоа од мене да провериш.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен chamaecyparis

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Fiat Punto чудно сецка
« Одговори #12 на: 24 Ноември 2017, 18:09:59 pm »
Posto segde na forumi i tuka posocivte mnogu inicira problemot na senzor na radilicata a nemozam da ja zapalam voopsto do servis da ja odnesam, barav na net ama nemozam da najdam potocno za nea. Pa ako znae nekoj kade e potocno i kako se menja neka me prosvetli. Za punto 2 1.9JTD. Negde citav zad motorot kaj menjacot ama nema potocno i da ne cepkaram koa neznam tocno.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Fiat Punto чудно сецка
« Одговори #13 на: 24 Ноември 2017, 19:15:36 pm »
Од кога ќе го лоцираш, пробај со одштекување и повторно штекување на конекторот и пробај дали ќе запали.

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Fiat Punto чудно сецка
« Одговори #14 на: 24 Ноември 2017, 22:34:02 pm »
Неможеш на лице место да го смениш, треба канал и малку е заплеткан, инаку утикачницата излегува одкај ребрастиот некаде од задна страна, види отштекај уклучи, или можеш и да го измериш со мултиметар.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.