Здраво,
Имам Ford Fiesta 1.4 TDi од 2004та. редовно сервисирана и одржувана, но последнава година почна да се појавува проблем за кој во МиДа немаат одговор. Таму јa однесов на сервис, да ја проверат на компјутер дијагностика, но ми рекоа дека нема ништо. но проблемот сеуште се појавува и постои.
Имено, при возење, во неповрзани случаи, шалт таблата почнува да трепка, да се пали и гаси позадинското светло а на местото на саатот и километражата пишува EAC FAIL. После определено време, во тек на возењето престанува трепкањето и престанува да се покажува грешката.
Дали некој има искуство со ваков проблем, и ако имате некоја препорака за добар мајстор за Форд.
ви благодарам.