Така некако. Не знам ни јас повеќе.
Тажен е крајот на Lancia.
Delta беше на платформа на Bravo/Stilo. Субјективно, многу интересна кола, ама за жал не се продаваше многу. Дизајнот беше поларизирачки, и многу осетлив на избор на боја. Не пројде баш најдобро меѓу купувачите.
Ypsilon беше/е многу типично женско количе. Убавко, ама толку. Во моментов остана да се продава само на италијански пазар..
Со Thema ја дотепаа работата. Пробаа да бутнат (застарен и) огромен американски седан под италијански бренд, познат за спортски успеси и соодветно на тоа и спортски седани. Ги налутија лојалните купувачи на брендот. Не дека Крајслерот беше лош, него едноставно не му одговараше името Lancia.
Штета што ја ебаа работата толку.
99% перфектно срочено.
Делта за мене е перфектен дизајнерско-Италијански продукт однадвор, кој е усран внатре и допосран со редизајнираните седишта и "момо с" километражите.
Ипсилон исто, последниот модел е катастрофа.
Претходниот, посебно дво-боен е цице. Со убава опрема и борд внатре е стилски врв и елеганција во движење во живо.
Мутантот Тема - Ц300 е врв на срањето.
Има некои детаљи кои се добри но генерално во твојот пост е доловена поентата дека ги налутија и разочараа клиентите. Сквернавење на Капа, старата Тема и посебно Тесис.
Ланчиа брендот како што љубам да го гледам со моите очи, никако не се совпаѓа со кросовери, есјувија и други непотребни ствари.
Здравје, можда некој ден како резервно возило ќе имам Тесис и стара Делта интеграле
