Фала момци, поубави коли да си земете. Инаку пошо имаше коментари претходно за гаранцијата што ја даваат Аутомилано од 6 месеци, тоа важи само на мотор и мењач. Не важи ако ти цркне некое копче или ако најдеш нешто што не функционира откако си ја купил колата. Чисто информативно.
Следно треба голем сервис. Сеуште не сум одлучил дали да одиме со Мида или тука во Струга да си го направам сервисот со локален механичар. Од мида овие ептен професионални испаднаа со имејл адреса на која што не стигнува порака бидејќи инбоксот им е полн. Утре ќе им се јавам да ми пратат понуда, али според цените што ги има напишано draganamon на неговата тема за мондеото, скоро дупло ќе кошта.