Секоја кола што се продава на плац кај нас е мачка во вреќа.
За саглам кола се доплаќа дебело, па да добиете кола со ниска километража, тука купена, чувана во гаража и сл. Иако и тоа не е некоја гаранција, ама ете.
Е сеа кога се купува кола од Германија, Италија, Холандија, Бугарија..., особено дизел, како сакате тестирајте со возење, официјални сервиси, експерти, мајстори... што сакате, потенцијални проблеми со голема веројатност да ви се случат:
- Сет ламела
- Турбина
- Дизни
- EGR, MAF, MAP, пумпа за висок притисок и други сензори, клапни и црева
- Предница, задница
- Акумулатор
- Проблеми со клима
Прашање е на време, не е прашање дали.
Затоа одделувате буџет и нерви.