Автор Тема: Chevrolet Cruze продаден во 1 милион примероци!  (Прочитано 10376 пати)

Отсутен MickeY MousE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
  • *** Disney ***
Chevrolet Cruze продаден во 1 милион примероци!
« на: 06 Ноември 2011, 19:32:33 pm »
Од Шевролет имаат две причини деновиве да се радуваат.
Покрај тоа што слават 100 години од формирањето, нивниот најпродаван производ во моментов ја достигна бројката од 1 милион продадени примероци.
Крис Пери, потпретседателот на Шевролет, изјави дека не можеле да добијат подобар поклон за роденден.
Тој додаде дека Круз е најпродаваниот модел во својата класа во првите 10 месеци во САД.
Исто така треба да се додаде дека Круз е 4 најпродаван модел на светско ниво оваа година, а вкупно 7 во својата класа.
Честито!


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet Cruze продаден во 1 милион примероци!
« Одговори #1 на: 06 Ноември 2011, 19:45:51 pm »
Мислам дека Крузот е стварно dealbreaker. Моето следно возило има добра шанса да е Круз.

Отсутен MickeY MousE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
  • *** Disney ***
Одг: Chevrolet Cruze продаден во 1 милион примероци!
« Одговори #2 на: 06 Ноември 2011, 19:48:23 pm »
Заборавив да додадам. Крузот кој го ставив на сликава, во бојава горе е перфекција во движење од изглед.
Страшно добро му стои бојава.
Инаку новите модели кои доаѓаат, оние бензинците, веќе се со турбо, истите мотори од Астрата.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Chevrolet Cruze продаден во 1 милион примероци!
« Одговори #3 на: 06 Ноември 2011, 20:02:37 pm »
Se nadevam Cruzov ke mu pomogni na raznisaniot gigant. Cestitki!

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Chevrolet Cruze продаден во 1 милион примероци!
« Одговори #4 на: 06 Ноември 2011, 22:26:50 pm »
Едно кокиче не ја прави пролетта. Сепак Курз е добар напредок во однос на остатоците од Даеву, но има уште фурни леп за јадење да ја стаса конкуренцијата. Единствено е продаван само заради ниската цена. Кога би чинел колку Пасат, Акорд или Мондео никој нема мрсул да му залепи.


ЕДИТ: Се извинувам сакав да кажам Колку Џета, Сивик и Фокус
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet Cruze продаден во 1 милион примероци!
« Одговори #5 на: 06 Ноември 2011, 23:28:11 pm »
Единствено е продаван само заради ниската цена. Кога би чинел колку Пасат, Акорд или Мондео никој нема мрсул да му залепи.
Па фала богу!
И Mazda RX8 се продава поради цената, да кошташе колку ферари немаше ни куче да ја моча ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Chevrolet Cruze продаден во 1 милион примероци!
« Одговори #6 на: 07 Ноември 2011, 00:16:10 am »
Дечки, да бидеме искрени - Крузот е одличен автомобил. Нема апсолутно никаква врска со Даеву. Крузот GM го разви да биде глобално возило, и соодветно на тоа, прилагодено е за многу пазари, ценовни рангови, итн.

Крузот е супер. Круз дизел е одлично решение за човек што му треба фамилијарно возило што е добро, безбедно, брзо, економично и просторно, и со одлично решена ергономија, а да е спремен да направи компромис за брендот.

Факт е дека GM го утепа Chevrolet како бренд во Европа (и рестото од светот) кога го ребрендираше Daewoo во Chevrolet. Да го оставеа Daewoo да си биде Daewoo, и да го фураа Chevrolet како посебен бренд, немаше да мислиме дека Cruze е Daewoo.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Chevrolet Cruze продаден во 1 милион примероци!
« Одговори #7 на: 07 Ноември 2011, 00:17:06 am »
Така е, но кога се зборува за нејзиното влијание на компанијата треба да се земе во предвид и профитот кој директно го носи. А со нејзината цена не верувам дека има драматична бројка и покрај тоа што се продала во милион примероци. Споредено со профитот од на пример Корола, која е нешто повеќе продавана, профитот од Круз не верувам дека е бар пола. Речиси сум убеден дека со Камаро ќе заработат повеќе.

Како и да е тоа што Круз успеа да влезе во листата на 10 најпродавани компакти за 2011 е доказ дека Шеворлет спровеле успешна стратегија и дека најверојатно неговите сопственици се задоволни.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Chevrolet Cruze продаден во 1 милион примероци!
« Одговори #8 на: 07 Ноември 2011, 07:01:12 am »
Извозев еден круз до Скопје и назад и ми се виде бајаги голема потрошувачката. Се работеше за 1.6 бензинец, ем не го стискав многу со оглед дека туѓа кола а и газдата беше со мене.

Просек извади негде над 8 и кусур што за на отворено ми се виде бајаги?


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Chevrolet Cruze продаден во 1 милион примероци!
« Одговори #9 на: 07 Ноември 2011, 07:32:37 am »
Комплетно си во право!

1.6 моторот кај Круз според мене, е бездушно копиле. Односно, и тој е еден од оние мотори кои многу ветуваат во рекламната брошура, арно ама, во реалноста се грев невиден. Како наводно има 122 КС, а воопшто не се чувствува така, бидејќи заедно со преносот, премногу е насочен кон економичност за да биде динамичен, а истовремено премногу е неагилен и рака на срце застарен, за да може да биде економичен.

Крузот со 1.4 турбо мотор би бил сосема поинаков муабет. Круз со 2.0 дизел Е и тек како сосема поинаков муабет, и се’ на се’ е доста добар избор за семејно возило.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Chevrolet Cruze продаден во 1 милион примероци!
« Одговори #10 на: 07 Ноември 2011, 07:36:03 am »
Па гледано в однос платено / добиено, ми изгледаше како супер опција, ако го занемариме ќопавиот мотор.


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Chevrolet Cruze продаден во 1 милион примероци!
« Одговори #11 на: 07 Ноември 2011, 07:46:21 am »
Па гледано в однос платено / добиено, ми изгледаше како супер опција, ако го занемариме ќопавиот мотор.



Enough said. Најслабија карика у таа ситуација :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Chevrolet Cruze продаден во 1 милион примероци!
« Одговори #12 на: 07 Ноември 2011, 08:00:55 am »
Мислам дека разлика до 1.8 атомсферецот е помала од 500 евра, а тоа е попристоен мотор за шасијата на Круз.

Патем, втората генерација на крузови мислам дека го нема стариот 1.6 туку има нов, а покрај тоа има и нов 6 степен менувач кој според маректинг-агентите на Шевролет е поефикасен(генерира помали загуби на снага и енергија) во однос на стариот.

Сепак кај нас и не е така привлечен кога ќе се земе во предвид конкуренцијата. Основниот хечбек модел со 1.6 мотор излегува некаде околу 11500 што го става во директна конкуренција на Лансер спортбек, стариот Фокус со 1.6 мотор, Астра класик 3 со истиот мотор и некои други. Па кога би бирал прво би одбрал Лансер, па Фокус, па Астра, па можеби нешто друго и дури потоа Круз.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Chevrolet наполни 100 години
« Одговори #13 на: 07 Ноември 2011, 08:49:13 am »
Еден од најголемите производители на автомобили на светот Chevrolet наполни 100 години. Прославата се случи вчера на 3 ноември, датум кога во Чикаго во 1913 година е основана компанијата.



Неа ја основале швајцарскиот емигран во САД, тркачот Луи Шевроле и неговиот партнер американскиот индустријалец Бил Дјурант. Во регистарот на марки во САД компанијата е воведена како Chevrolet Motor Car Company.

Во текот на еден век Chevrolet успеал да произведе преку 209 милиони автомобили, а само во текот на минатата година продажбите бележат преку 4 милиони примероци во 130 држави ширум светот.

Презметките велат дека на секои 7 секунди некој жител на планетата си купува еден Chevrolet. Првиот успех на компанијата доаѓа од самото основање во 1913 година со моделот Classic 6. Ознаката е заради моторот со шест цилиндри.

Chevrolet Classic 6 веднаш му стана лут конкурент на Ford Model T. Следната 1914 година се појавува Chevrolet Royal Mail Roadster кој исто така достигнува голем пазарен успех, а 14 години подоцна него го наследува Chevrolet National Model AB Tourer.

Во 1932 година на пазарот пристигнува Chevrolet Confederate BA Standard Sport Roadster, а три години подоцна во 1935 година се појавува легендарниот модел Chevrolet Suburban.

Сепак, најголемиот бум Chevrolet го доживува по Втората светска војна кога на свет доаѓа еден од најпопуларните автомобили на сите времиња Chevrolet Corvette, која низ генерациите претрпува многу измени, а денес вози нејзината шеста генерација.

Следуваат модели како Chevrolet Bel Air, Chevrolet Impala кои стануваат миленици на купувачите за во 1967 година да се појави уште една легенда на Chevrolet. Станува збор за моделот Camaro кој станува симбол на американската автомобилска индустрија.

Во чест на 100 годиншницата од своето постоење Chevrolet годинава стартуваше продажбата на својот модел Volt, како и на новата генерација на Aveo, хечбек верзијата на Cruze, потоа Orlando и секако реинкарнацијата на Camaro.



Кај нас во чест на 100 години Chevrolet и по повод прославата 10 години „СОС Детско село”, овластениот дистрибутер на Chevrolet и Opel, Olympia Motors на згрижувачите на нашите најмили им поклони автомобил Chevrolet Spark кој ќе им биде од голема помош при вршењето на секојдневните работи

http://vozi.com.mk/panorama/chevrolet-napolni-100-godini.html

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet Cruze продаден во 1 милион примероци!
« Одговори #14 на: 07 Ноември 2011, 09:59:05 am »
Ова е Даеву не е Шевролет :)


Извозев еден круз до Скопје и назад и ми се виде бајаги голема потрошувачката. Се работеше за 1.6 бензинец, ем не го стискав многу со оглед дека туѓа кола а и газдата беше со мене.

Просек извади негде над 8 и кусур што за на отворено ми се виде бајаги?


Како го измери? На борд покажа?