Предходниот викенд Лансерот си доби третман.
Беше пуштен на редовен, втор, сервис. Таму му сменаа масло и филтер за масло. Филтер за воздух, јок. Ќе турам K&N.
Дечките си завршија работа брзо, ама ужасно не професионално. Сервисот во Битола на Тојота и на Митсубиши е промашена работа скроз. Едвај чекам да помини и оваа год, за повеќе да не ме видат таму. Не знаеа да го ресетират комп, за да не кажува дека треба да оди на сервис, па јас во упатството видов и му кажав како да го ресетира. БРУКА!!
Иначе сменети се и зимските гуми и сега има летен сетап.
Еве некое сличе од церемонијата...
Незнам што масло е ова, што бренд. Ама е фул синтетик. Ако знае некој нека пиши.
Ете го дигнат горе.
Чудна работа што колата не ми ја поврзаа на компјутер, да видат дали има некој ерор. Кога прашав јас зошто не ми ја прклучија? Ми кажаа дека тоа не било во редовен сервис, јас ако сакам нахнадно тоа ќе го сторат и нормално ќе наплатат.
Дали овие ме бушат во Бт или на сите сервиси тоа е така?