Во Северна Фиромдонија немаше да се возат бугарски возила ако државата ставаше обичен паушал при увоз, а притоа да ги затегнеше мерките за исправност на возилата.
Да речеме, со паушал од 300-500 евра да можеш да увезеш што сакаш, без ограничувања, само да биде технички исправно возилото во секој аспект (подвозје, издувни гасови, електроника).
После тоа секое возило ќе си плаќаше регистрација, возилата ќе беа исправни - ќе имаше за сите.
Вака што?
За кола од 4000-5000 евра плаќаш 50% давачки. Доаѓаш на регистрација, немаш DPF (или исклучен), немаш исправен катализатор, свети цела шалтабла ко елка, ти мерат CO2 на дизел возило (какви морони), дисковите компакт-диск тенки, флеки остава во канал на регистрација од што тече од сите страни...
Доаѓа регистрација, плаќаш одржување на патишта, екотакси дрн дупки, плаќаме ѓаол и пол патарини, а патиштата се дупка до дупка.
Што добивам јас ете што плаќам две регистрации? Го полнам буџетот секоја година за што?
За да возам по БУЛЕВАР полн со дупки? Да возам на автопат со одрони? Да возам по автопат и да вадам камења од бубрези?
Ние сме глупи што возиме на македонски таблици.
Иначе, да имаш државјанство и да возиш на бугарски, ќе ги видам џандарите дали ќе ти земат кола. Ќе одат на пеење во станица. Ај можда на овие со фирми регистрирани, не се државјани ќе им се силат...на тие со пасош, мало сутра.