Автор Тема: Закон и начини за возење на бугарски табли  (Прочитано 66411 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #15 на: 27 Јули 2017, 11:00:18 am »
Све јас тоа би санкционирал според закон.

едно глупо прашање, како кога ке те запре МВР знае кога колата влегле во МК за да ти пресмета 6 месеци макс?

Во момент може да провери кога влегла колата и колку време е тука преку радиостаница и преку терминал.
А и тој што ја вози. АКо се води како БГ државјанин постојат според закон како му е регулиран статусот за престој и слично.
Бидејќи полицијата не ги познава законите, незнае како да те казнува, а ретки се тие кои ги знаат. Тие се школуваните, што се во многу мал број.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #16 на: 27 Јули 2017, 11:57:48 am »
Бугарските таблички не се надзор на полицијата, царински прекршок е тоа.
Е сега како се постапува по царински прекршок, и дали има основа за затајување данок/царина/итн. е друга работа.
Инаку царината има систем за контрола на товарни возила со странски таблички. Аналогно можат да го користат и за ПМВ. Ама многу работа е. Плус, во Истамбулската повелба има една важна реченица, кумулативно 6 месеци во 12. Но, во текстот на македонскиот закон зборот кумулативно (или сумативно) е испуштен (така беше до кај 2011/2012та. Сега можеби е пречистен и надограден самиот текст).


Како најлесно... Се одјавуваш од МВР како времено исселен, и немаш проблем со царина, затоа што не припаѓаш на македонското царинско подрачје/територија. Ако не си, на секој влез во РМ автоматски даваш изјава за привремен увоз на стока од странство. Како Царина на РМ ќе го менаџира/обезбедува/ограничува/регулира, не ме интересира.

пс. Сале, МВР не смее да провери кога некој има влезено, освен ако нема основано сомнение за извршен криминал. Самиот чин на добивање таква информација се води како ПИМ.


Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #17 на: 27 Јули 2017, 13:38:37 pm »
Мислам дека смее да провери. Еве пример како сообраќаец, сопирам возач со кола на бугарски таблички. Прво што проверувам се документи, и по радио врска барам од централа дополнителна проверка на возилото.
Можеби се сомневам на нешто. Во секој момент на возачот, ако ми покаже бугарски документи, му барам дозвола за престој, работна дозвола, работна виза. Еден документ да нема, можам да го приведам. После тоа се поведува постапка со одсекот за работа со странци, и они си ја тераат работата.
Затоа и реков, кај нас работниците не си ги знаат своите работни обврски, не го знаат описот на работното место.
95% од сообраќајната полиција, односно полицајци не знаат каква ознака за ограничување на брзината треба да имаш залепено на ПикАп возило.
Дали 80 или 100?
Прашај, па ке ти кажат на селски начин: 80 ако си товарен, 100-тка ако не си товарен, или треба да ги имаш двете, а никаде во законот не пишува две, него си пишува едно.
Товарот нема врска, има само носивоста на возилото. Нема врска дали си празен или со товар, ограничување е ограничување.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #18 на: 27 Јули 2017, 13:56:09 pm »
Не се замарајте секако ќе се споиме наскоро


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #19 на: 27 Јули 2017, 15:06:27 pm »
^ нека трепка ^  ;D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #20 на: 27 Јули 2017, 15:44:07 pm »
Европически народ ќе станеме конечно :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #21 на: 27 Јули 2017, 15:45:28 pm »
Мислам дека смее да провери. Еве пример како сообраќаец, сопирам возач со кола на бугарски таблички. Прво што проверувам се документи, и по радио врска барам од централа дополнителна проверка на возилото.
Можеби се сомневам на нешто. Во секој момент на возачот, ако ми покаже бугарски документи, му барам дозвола за престој, работна дозвола, работна виза. Еден документ да нема, можам да го приведам. После тоа се поведува постапка со одсекот за работа со странци, и они си ја тераат работата.
Затоа и реков, кај нас работниците не си ги знаат своите работни обврски, не го знаат описот на работното место.
95% од сообраќајната полиција, односно полицајци не знаат каква ознака за ограничување на брзината треба да имаш залепено на ПикАп возило.
Дали 80 или 100?
Прашај, па ке ти кажат на селски начин: 80 ако си товарен, 100-тка ако не си товарен, или треба да ги имаш двете, а никаде во законот не пишува две, него си пишува едно.
Товарот нема врска, има само носивоста на возилото. Нема врска дали си празен или со товар, ограничување е ограничување.

Ако си турист на поминување? :) Како ќе те приведи?!

Ќе речеш треба да бидеш пријавен некаде, доколку е тука повеќе денови.

Можеби кампувам на отворено :)

Запаѓаш во законски лавиринти и затоа и џандарите не се замараат.

Башка тебе како граѓанин на земјава не може така да те приведи ако нема соодветна основа.

Може да те викни на разговор во МВР, а не да те приведи ако нема соодветен доказ или судски налог.

Отсутен Dimitar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 444
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #22 на: 27 Јули 2017, 16:38:18 pm »
Еден период гледав доста ги сопираа тие со бугарски таблици. Одат по град и одеднаш сирена и те запираат. Сега незнам како е, не сум возел и не возам на бг а добра работа е.  Се надевам дека некако ќе се израмниме со бугарите по овие договори. Не може да има толку многу разлика и во давачки и во регистрации. Ама па буџет како ќе се наполни


Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #23 на: 27 Јули 2017, 16:43:16 pm »
Единствено нешто што е поскапо кај нас е увезувањето/легализирањето на автомобилот. А цените за осигурување, зелен картон и данок се горе долу исти.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #24 на: 27 Јули 2017, 17:06:50 pm »
Така е

Sent from my GT-I9301I using Tapatalk


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #25 на: 27 Јули 2017, 21:29:31 pm »
И што во Бугарија можеш да увезеш било што и од било каде, па оттаму и таквите ниски цени.

Кај нас пак се врати старата шема со цените пред да го либерализираат увозот.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #26 на: 27 Јули 2017, 22:02:15 pm »
Од бугар поклето нешто нема.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #27 на: 28 Јули 2017, 02:28:16 am »
Ако си турист на поминување? :) Како ќе те приведи?!

Ќе речеш треба да бидеш пријавен некаде, доколку е тука повеќе денови.

Можеби кампувам на отворено :)

Запаѓаш во законски лавиринти и затоа и џандарите не се замараат.

Башка тебе како граѓанин на земјава не може така да те приведи ако нема соодветна основа.

Може да те викни на разговор во МВР, а не да те приведи ако нема соодветен доказ или судски налог.

Многу ми се интересни вакви прашања. Баш ме интересира да те легитимира полиција надвор од Македонија, дали ке бидеш повторно овака креативен.
Ајде од почеток.

1. Турист на поминување? Документ за идентификација ке ти биде пасош. Во пасошот имаш печат со датум на влез во земјата.
2. Ке речам дека треба да бидам пријавен? Дали знаеш колку е законски ако си транзит или ако се уште не си пријавен? 48 часа од влегувањето во земјата имаш право да се пријавиш или да бидеш пријавен, во спротивно можеш да бидеш казнет.  За тоа како ке знае кога си влегол, види 1.
3. Можеш да кампуваш и на затворено, но законот вели дека мораш да бидеш пријавен.
4. Не запаѓаш во никакви лавиринти, него не си налетал на прав полицаец, или не те легитимирал никој во странство.
5. Основ за приведување во секунда може да биде наметнат. Да не навлагаме.
6. Викање може да биде онака, друагрски, но може да ти ги земе документите и да ти рече да тргнеш со него во станица на распит, проверка, контрола итн итн.

Немојте да мудрувате многу. Тоа што оние кои треба да го познаваат законот не го познаваат може да ни е само во прилог.
Никако другачие.
И само ние се правиме паметни за некои работи. Баш ме интересира во Бугарија, најскапаната европска држава да ти влезат полицајци да те распрашуваат, како ке реагирате. Има гомната да ви се смрзнат и ке искукате све што имате по ред.
Само кај нас тука сите ние се правиме силни и најпаметни.
Затоа ви викам, молете бога што е калакурница и што не се знае ни кој јаде ни кој пие ни кој плаќа.

Чисто во контекст на муабетот:
http://www.mvr.gov.mk/prijavistrintro

http://www.rsbsp.org.mk/sites/rsbsp.org.mk/files/zbsp_169-15.pdf
http://www.vozila.mf.edu.mk/pdf_files/Zakon%20za%20vozila.pdf

Нешто за читање
http://daily.mk/vesti/nova-finta-za-novi-6-meseci-na-stranski-vozila-vo-zemjava

http://mkd-news.com/politsijata-zadrzhuva-vozila-so-stranski-tablichki-koi-se-na-gosti-podolgo-od-6-mesetsi/

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #28 на: 28 Јули 2017, 09:33:49 am »
Тука сме да разменуваме мислења, и уште поважно, искуства со закони, полиција, коли, итн. Не ми е поентата да се расправам со тебе, а уште помалку да докажам дека си грешка, затоа што не си, туку да ти го дообјаснам хаосот, во кој покрај сувото, страда и суровото (затоа што навистина има луѓе од Македонија кои живеат и работат во Бугарија па ги имаат истите проблеми заради другите).

Сале, граница може странец од ЕУ да ја помине и со лична карта. Нема да му удрат никаде печат. Влез и излез од РМ (ако си и македонски државјанин) може само со македонски пасош. МВР има во евиденција кој со какви патни исправи патува/патувал.
Затоа, определувањето, кој како кога влегол во Македонија е малце тешко да се утврди и ако нема основано сомнение за извршено кривично дело, не може туку така да провери кога и како имаш влезено во РМ. Но, се разбира, истиот тој кур-ташак хаос калакурница кој дозволува глупости, може да ја дозволи и таа екстремна глупост. Да те носат во станица, да земаат налог за да проверат кога имаш влезено/излезено во РМ.

Друго, на влез/излез од држава можат на било кој да му го накалемат возилото. И на сопственикот, и на невестата, и на некој трет. Што некои полицајци го прават. Мене лично ме имаат прашувано на граница за кола на другар, затоа што пред неколку месеци полицаецот ја закачил на мој влез/излез.

Второ, ако си одјавен од МВР како привремено исселен, ти не мора на секој влез/излез да правиш пријава одјава. Кога си на територијата на македонија, ти си сеуште Македонец, ама гостин. Друго, сообраќаен полицаец не знам дали ги има истите права и надлежности како обичен полицаец (Тука Дибидус како поупатен може да разјасни). Не знам дали имаат исти права и задолженија како службени лица.


Имам јас искуство и во Бугарија со Македонски таблици на подолг период. Иако се најскапаната ЕУ држава, досега немало полицаец кој се правел шериф. Секогаш било културно и на ниво. Сакаа да ме проверат за влез-излез и си повикаа гранична полиција. Дојде граничарот, провери и кажа среќен пат.


Ако те запрат во Бугарија со бугарска кола, македонска дозвола, треба да ти е средено привременото живеалиште/адреса да биде надвор од Бугарија (во Македонија). Ако не е така, ако имаш државјанство/жителство повеќе од шест месеци, кркаш казна како да немаш дозвола. Македонија и Бугарија имаат потпишано договор за взаемно признавање на дозволите, но треба да си го запазиш рокот од шест месеци после промена на живеалиште. Кое накратко значи, ако навистина живееш во БГ, треба да имаш БГ возачка дозвола. Ако живееш во МК(по документи) треба да имаш МК возачка. Но ако живееш во МК, значи не си времено исселен. А ако не си времено исселен, свесно извршуваш царински прекршок со возење кола на БГ табли.

Друго, многу од тие што возат на бугарски табли, не се одјавени од Македонија како привремено исселени, затоа што ако се пријават како такви, ќе немаат право да работат во Македонија (а особено не во државна администрација).

Конкретно за колите и запленетите коли:

Многу од Македонците ги возат колите со полномошно, за избегнување на данок во БГ, за пониска регистрација, заради несредени документи, итн. И таквите коли се возат со некомплетна документација (бугарската сообраќајна е од два дела, мал и голем).
Таквите возила МВР ги запленува по налог на Царина, додека не се најде кој ја има увезено/внесено во РМ. Најмногу што може е да си плати царински прекршок и да ја изнесе колата од Македонија. Но, нашите со големиот дел од сообраќајната, ја одјавуваат од Бугарија, и после виси на терминал/во полиција/чека некое јавно наддавање да се продаде за делови.

Последно, едно време Царината воведе нешто-како-контрола за влез-излез на коли со странски таблички (читај бугарски). Не пуштаа никој да влезе од Бугарија во МК, од македонците. Ама буквално никој (освен дипломати, се разбира). Па имаше километарски колони на границата кај Ново Село, па некој се пожали дека тоа е ограничување на движење, итн, па летнаа неколку пријави за дискриминација, непуштање/штотизнам, и се осетија нашите оти прават нелегални глупости.


пс. Брат ми живееше околу две-три години  во Софија, па секое минување на граница/запирање полиција беше доживување само за себе.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #29 на: 28 Јули 2017, 10:06:12 am »
Според новиот договор ако некому му пречи што возам на бг фино лепо го пријавувам дека ме дискриминира и он оди на суд