Автор Тема: Закон и начини за возење на бугарски табли  (Прочитано 66456 пати)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1773
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #105 на: 15 Март 2022, 09:49:11 am »
Знам дека пораката ти беше насочена кон Андреј, ама еве ќе ја дадам мојата перспектива.

По мене проблемот со Бугарските возила е двојниот стандард што се води со години, Македонските граѓани со место на живеење во МК а Бугарски пасоши возат возила на БГ таблици без да платат увозни давачки, додека ние што немаме БГ пасоши кога увезуваме возила мораме да платиме скапи давачки за возилата.
Јасно е ко ден дека давачките се високи и треба да се намалат, ама истовремено не може државата да има двојни стандарди. Мислам дека доволно време се возат возила на БГ таблички, плус имавте шанса да ги регистрирате во МК за 50% помали давачки, пак бевте фаворизирани. Зошто нас не ни дадеа да увеземе со 50% помали давачки?

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #106 на: 15 Март 2022, 09:50:34 am »
Во право е @andrej_111 , само многу ригорозни мерки предложи. Ти даваш пари (регистрација/патишта/осигурување) во Бугарија, а возиш во Македонија.
Не верувам во европскиве земји да е дозволено ваков систем. (А можеби и грешам)
Потоа, апсурдно е шофери со бг табли да викаат дека нашите патишта се канта, со лош асфалт.
Ама убаво рече лукашин, и јас сум во таа група што не можам да разберам, и имам слаба логика.

Бтв, законов/предлогов нема да пројде.
Или да донесе државата решение, двојна регистрација. Плати и таму, плати и тука.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #107 на: 15 Март 2022, 09:53:24 am »
Воопшто не сум наапан, си кажувам сопствено мислење.

Сите се жалиме како не ни ја бива државата, а кога треба да платиме нешто на истата таа држава секогаш гледаме да ескивираме. Секако, контрааргумент на тоа секогаш е колку се краде и каде одат парите, ама ти плати си го твојот дел па нека крадат.

Шознам за странските возила за во други држави, имам реални примери дека не е така.

Кола купена од мене нова, ја вози српски државјанин со привремена македонска лична карта. Оди во Србија со возилото, на царина му го запленуваат возилото и му даваат рок од 15 дена да си плати царина и да ја регистрира колата на српски таблици.

Македонски граѓанин, мој другар, оди во Швајцарија со регулиран престој и работна дозвола, за колата му кажаа да си плати давачки и да ја регистрира на Швајцарски табли во рок од 30 дена. Нормално дека истата ја врати во Македонија.

Единствено Германија мислам дека дава да ја регистрираш на нивни табли без да плаќаш давачки, под услов да била во твоја сопственост х време претходно (не сум сигурен за ова).

Кршот што се вози по нашите патишта е грешка на техничките прегледи, кои дозволуваат се да помине. Се надевам дека за брзо и ова ќе се регулира.

Проблемот со бугарските возила е огромен, а не да не се проблем.

Да не навлегувам на темата, во блиска иднина кој проблем ќе го имаме со самата Бугарија заради илјадниците бугарски пасоши, не се тие глупи што штанцаа бугарски пасоши и на шуто и на рогато.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #108 на: 15 Март 2022, 09:54:00 am »
@andrej_111 а што си толку наапан, нешто лично ти е криво што некој поминал поевтино со регистрација/царина.

никаде не се прави како кај нас со странски возила, едноставно ако го возиш подолго од x месеци задолжително е такси и регистрација/осигурување во таа држава.

а не забрана за влегување со некои изговори, не официјални закони.

каков се крш се вози(euro1, 2), со македонски таблички и поминува на технички, а не проблем се бугарски возила

Никаде не се законите лабави како кај нас. Никаде не смееш да возиш кола со странски табли 1-2-3-4-10 години во друга држава. Незнам што сте волку напети вие со други таблици. Ете земи со МК таблици оди вози во Германија 2 години.

И каков е тој неофицијален закон? Или има закон испаднат во Сл. Весник или нема. Нема такво нешто како неофицијален закон.

Никаде во светот не се толку попустливи на тема странски возила како што е тоа кај нас. Во Шведска се малце полабави наспрема другиот дел од Европа и тоа е тоа.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
    • ibiz.mk
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #109 на: 15 Март 2022, 09:58:29 am »
А свесен ли си дека еден мал дел само возила искористија тоа 50%, и претежно на високи фаци, останатите им стојат така месеци и мораа да платат останати 50% да ги увезат.

инаку тоа си во право, не треба двојни стандарди, али и оваа не е решение.

уведи такса, уведи осигурување, ако возат повеќе од 6месеци во државата.

@Sase_91 познавам 10тина души кои возат во германија, франција со бугарски со години(не месеци), си плаќаат такси/осигурување во државата само.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3479
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #110 на: 15 Март 2022, 10:02:31 am »
А што ако на пример еве сум вработен во Србија во фирма, таа фирма ми дава службено возило, а таргет за продажба ми се фирмите во МК, си живеам во МК и одвреме-навреме одам до Србија? Што во тој случај? Ќе ми ја запленат? Или има некаков НЕОФИЦИЈАЛЕН ЗАКОН?

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #111 на: 15 Март 2022, 10:04:02 am »
Во Велес доста голем дел од колите се префрлија со тоа 50% зошто стварно беше предобра таа опција. Останати се само 20/30 возила на БГ табли од кој пола сега ќе ги префрлат пак.

Инаку сите имаме роднини/пријатели во ЕУ и може да ги прашаме и да се увериме дека мора да се платат давачките секако.

Еве членот @Дибидус живее во Гермина таму и нека каже дали може да вози со МК табли таму.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #112 на: 15 Март 2022, 10:07:11 am »
@andrej_111 а што си толку наапан, нешто лично ти е криво што некој поминал поевтино со регистрација/царина.

никаде не се прави како кај нас со странски возила, едноставно ако го возиш подолго од x месеци задолжително е такси и регистрација/осигурување во таа држава.

а не забрана за влегување со некои изговори, не официјални закони.

каков се крш се вози(euro1, 2), со македонски таблички и поминува на технички, а не проблем се бугарски возила

Никаде не се законите лабави како кај нас. Никаде не смееш да возиш кола со странски табли 1-2-3-4-10 години во друга држава. Незнам што сте волку напети вие со други таблици. Ете земи со МК таблици оди вози во Германија 2 години.

И каков е тој неофицијален закон? Или има закон испаднат во Сл. Весник или нема. Нема такво нешто како неофицијален закон.

Никаде во светот не се толку попустливи на тема странски возила како што е тоа кај нас. Во Шведска се малце полабави наспрема другиот дел од Европа и тоа е тоа.

Околу 98% од возилата што можеа да искористат 50% давачки искористија. Не мораше да си никаква висока фаца да ја искористиш субвенцијата од државата.

При најавата на таа субвенција, самата влада излезе со изјава дека ќе се стегнат работите со странските возила подоцна, не ми е јасно сега негодувањето и бунењето на тие со странски возила. Намерно пишувам странски бидејќи не се однесува ова само на бугарските.

Не искористија и најмногу се бунат тие што не влегуваат поради понизок стандард на емисија на изгувни гасови од Еуро 4.

Го работам тоа и знам отприлика како стојат работите :)

А што ако на пример еве сум вработен во Србија во фирма, таа фирма ми дава службено возило, а таргет за продажба ми се фирмите во МК, си живеам во МК и одвреме-навреме одам до Србија? Што во тој случај? Ќе ми ја запленат? Или има некаков НЕОФИЦИЈАЛЕН ЗАКОН?

Српската фирма ќе регистрира подружница во Македонија и ќе ти даде возило на македонски таблици.

Доколку не сака српската фирма да регистрира подружница, постојат фирми на кои единсвена дејност им е да српската фирма регистрира кола на нивно име (на македонски таблици нормално) и да ти ја даде на користење. Нормално дека српската фирма плаќа одреден надомест за услугата.

Трета опција е српската фирма да земе српски рент-а-кар, и тогаш имаш право ти како македонец да ја возиш таа кола на српски таблици во Македонија.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3479
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #113 на: 15 Март 2022, 10:10:21 am »

Ако имам и српски документи, повторно е проблем?

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #114 на: 15 Март 2022, 10:11:27 am »
Ако реално живееш и си пријавен со престој во Македонија, е проблем. Ако си вработен во српска фирма, примаш плата на српска сметка и имаш пензиско и здравствено во Србија, тогаш слободно одјави го престојот во Македонија и ќе немаш никаков проблем.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3479
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #115 на: 15 Март 2022, 10:13:06 am »
Поефтина е Октавијата таму затоа прашувам :P :D

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #116 на: 15 Март 2022, 10:16:33 am »
Поефтини се сите коли таму, имаат еден данок помалку :)

Си видел комерцијалисти на српска фирма да возат српски коли во Македонија?

За жал сите плаќаат поскапи Октавии кај нас :) :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #117 на: 15 Март 2022, 10:31:25 am »
Ќе биде наапан, ти одбиваат секој месец за здравствено осигурување а кога ќе дојде ред да имаш потреба од тоа, бараш врски, пушташ мито или плаќаш дупло на приватно.
На регистрација плаќаш плус давачки за патишта покрај тоа што плаќаш патарини како државјанин во земјата каде живееш и возиш по крш и не сигурни патишта.
Наапан???...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13937
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #118 на: 15 Март 2022, 11:07:34 am »
Во Северна Фиромдонија немаше да се возат бугарски возила ако државата ставаше обичен паушал при увоз, а притоа да ги затегнеше мерките за исправност на возилата.

Да речеме, со паушал од 300-500 евра да можеш да увезеш што сакаш, без ограничувања, само да биде технички исправно возилото во секој аспект (подвозје, издувни гасови, електроника).

После тоа секое возило ќе си плаќаше регистрација, возилата ќе беа исправни - ќе имаше за сите.

Вака што?

За кола од 4000-5000 евра плаќаш 50% давачки. Доаѓаш на регистрација, немаш DPF (или исклучен), немаш исправен катализатор, свети цела шалтабла ко елка, ти мерат CO2 на дизел возило (какви морони), дисковите компакт-диск тенки, флеки остава во канал на регистрација од што тече од сите страни...

Доаѓа регистрација, плаќаш одржување на патишта, екотакси дрн дупки, плаќаме ѓаол и пол патарини, а патиштата се дупка до дупка.

Што добивам јас ете што плаќам две регистрации? Го полнам буџетот секоја година за што?

За да возам по БУЛЕВАР полн со дупки? Да возам на автопат со одрони? Да возам по автопат и да вадам камења од бубрези?

Ние сме глупи што возиме на македонски таблици.

Иначе, да имаш државјанство и да возиш на бугарски, ќе ги видам џандарите дали ќе ти земат кола. Ќе одат на пеење во станица. Ај можда на овие со фирми регистрирани, не се државјани ќе им се силат...на тие со пасош, мало сутра.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #119 на: 15 Март 2022, 11:13:30 am »
Погрешна хипотеза ќе те наведе на погрешна констатација.

1. Имено во Македонија требало, треба и ќе треба масовно да се казнува за нерегистрирани возила. Најригорозно што може, по сите улици и патишта. Пепел да се направи. Секој ден, цел ден. Глава да не знаат каде им е.

Од тоа почнува сообраќајот.

2. Е сега, кога веќе ќе „не може“ да се вози нерегистрирано возило, доаѓа тоа со техничките. (Зошто инаку, ќе ти возат нерегистрирани како сега, ако затегнеш, уште повеќе ќе се нерегистрирани). Стегнати технички - пиц, пец. Контроли редовни, казни итн-итн.

3. Е сега кога веќе тоа е решено и колите се регистрирани и пиц-пец, и казните за отстапување се баснословни, може да се помисли да се ослободува по нешто чат-пат.

Ама без точка 1, нема теорија да се мрдне некаде. А ја пропуштате масовно. Ако ја нема, се паѓа во вода. Буквално се. Тоа е основата на сообраќајот.