Автор Тема: Кинески гуми  (Прочитано 19937 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Кинески гуми
« на: 16 Јули 2017, 21:03:45 pm »
Инспириран од реплика на темата Гуми општо ја отварам оваа за да ни се разјаснат некои работи.
Сакам да слушнам мислења од членови кои што имаат користено или користат буџет гуми т.е. од кинеско производство.
Пред некое време Мартин алфистата коментираа со друг член за кинеските гуми само не можам да најдам каде беше каде што членот беше задоволен од гумите иако се 3-4 пати поевтини од премиум.

Јас сум возел нексен зимски на пежо 206 и Пасат 7 - презадоволен
Старфајр на Голф 5 Презадоволен, за разлика од нокиан кои што едвај издржаа една година
Се возев пред некој ден во F30 со гуми кои што прв пат ги слушам CatchPower и не покажаа никаква слабост во ниту еден режим.

Јасно е дека Конти Мишелин и Пирели се најдобри, но ако возиш по знак нормална кола која што не е за стаза и не форсираш сметам дека и кинескиве ќе завршат работа. Знам дека има ADAC тестови каде што покажуваат катастрофални резултати но сакам да чујам мислење од секојдневна употреба.

Ако имате слични тестови постирајте

http://starfiretires.com.au/testing

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Кинески гуми
« Одговори #1 на: 16 Јули 2017, 21:14:28 pm »
На работа на добло имавме некои само морам да проверам што бренд беа. Како и да е беа невидена катастрофа на мокро буквално во секоја брзина при давање гас шлајфуваа а да не збориме при кочење.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Кинески гуми
« Одговори #2 на: 16 Јули 2017, 22:44:33 pm »
На мојата кола по туѓа кривица се возат Comforser гуми, уште еден бренд од плејадата на кинези што се продаваат кај нас. Гумите се кружни, лесно се балансираат, не се побучни од 5 години стари Nokian i3...

Јас воопшто не сум меродавен за оценување на перформанси на гуми, прво поради суспензијата на Ксарата, второ поради мојот стил на возење во таа кола. Но, во оние ситуации кога требало да ме спасат од г*мна, ме спасиле. Не ми се десило да пролизгаат при нагло кочење и фаќање кривини нити на влажно нити на суво. Колата нема безбедносни системи за кочење или пролизгување.

Ако очекувате високи перформанси од гума од тој калибар, нема да ги добиете. За сосема нормална експлоатација искрено кажувам дека немам замерки и би ги препорачал пред 5 години стари премиум гуми со ౩-4мм шара кои може да се најдат за иста цена како Comforser.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Кинески гуми
« Одговори #3 на: 16 Јули 2017, 23:08:35 pm »

Јас сум возел нексен зимски на пежо 206 и Пасат 7 - презадоволен

Нексен се корејски гуми, не кинески. Не се новокомпонована фирма, долго време се на пазарот. Среќа што кај нас се појавија со нормални цени (слични како кај соседите), па нас нѝ изгледаат ефтини како кинески, инаку се сосема пристојна гума. Јас имам еден сет на 159 (со тие ја земав од германија), и пошто беа сосема ок, земав и за 166-ката, исти такви ол сизн (на 159 ги возам како зимски сет).
Секако си имаат свои маани, но сум видел и полоши гуми произведени на овој континент.

Што се однесува до китајските-китајски гуми, тие се добри само да го држат бандашот над асфалт. други квалитети немаат.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Кинески гуми
« Одговори #4 на: 16 Јули 2017, 23:14:51 pm »
Јас не сум видел да се 3-4 пати поефтини туку дали се упола цена ако не и 60%.

Еве јас земав рецимо тазе Ханкук Кинект Еко зошто беа најудобни на тестови. Без попуст без ништо ми испаѓаа некои си 14000 мислам за 4 гуми. Со попуст 10к излезе. Ама еве да земеме дека се по регуларна цена 14к. Незнам дали воопшто ќе има некаква разлика во цена со кинески. Некои 50еур поефтино може да дојде максимум. Незнам колку може да се ефтини кинеските. Што ми нема логика во поглед на тоа што тоа е единствена работа што те држи на патот реално. Не некој исфуран премиум, туку некои реални тестирани гуми што добро или најдобро се покажале по тестови, а не се скапи.

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Кинески гуми
« Одговори #5 на: 17 Јули 2017, 09:05:18 am »
Јас не сум видел да се 3-4 пати поефтини туку дали се упола цена ако не и 60%.

Еве јас земав рецимо тазе Ханкук Кинект Еко зошто беа најудобни на тестови. Без попуст без ништо ми испаѓаа некои си 14000 мислам за 4 гуми. Со попуст 10к излезе. Ама еве да земеме дека се по регуларна цена 14к.

Koja dimenzija? 205/55/16 gi zema za 10000, ili 195/65/15?
195-ki ako se, tuka negde im e redovna cena. 205-ki se okolu(pod) 14.000, ama nosat kaj nas kinergy eco vo dimenzija 205/55/16?

Za kineskive gumi, subjektivni ocenki za gumi moze mnogu da bidat razlicni od covek do covek. Moze nekoj najbolje sto osetil i vozel da e Tigar ili Nexen, pa da zbori za kinezarija deka ne e tolku loso.

I GreatWall kineskite koli vo Bugarija sto se sklapaat sporedeni so 101 i Yugo ili Lada ne se losi.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Кинески гуми
« Одговори #6 на: 17 Јули 2017, 09:52:16 am »
Еднаш треба да те клизнат китајските гуми.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Кинески гуми
« Одговори #7 на: 17 Јули 2017, 10:03:58 am »
Се е еднаш, моабетот беше дали кинески - корејски гуми вреди да се стават или не. Ако гледаме така еднаш треба да заспие некој на волан и да те отепа, еднаш треба да ти се руши цел рид врз тебе додека одиш кон Делчево.


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Присутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Кинески гуми
« Одговори #8 на: 17 Јули 2017, 10:07:03 am »
Јас не сум видел да се 3-4 пати поефтини туку дали се упола цена ако не и 60%.

Еве јас земав рецимо тазе Ханкук Кинект Еко зошто беа најудобни на тестови. Без попуст без ништо ми испаѓаа некои си 14000 мислам за 4 гуми. Со попуст 10к излезе. Ама еве да земеме дека се по регуларна цена 14к.

Koja dimenzija? 205/55/16 gi zema za 10000, ili 195/65/15?
195-ki ako se, tuka negde im e redovna cena. 205-ki se okolu(pod) 14.000, ama nosat kaj nas kinergy eco vo dimenzija 205/55/16?

Za kineskive gumi, subjektivni ocenki za gumi moze mnogu da bidat razlicni od covek do covek. Moze nekoj najbolje sto osetil i vozel da e Tigar ili Nexen, pa da zbori za kinezarija deka ne e tolku loso.

I GreatWall kineskite koli vo Bugarija sto se sklapaat sporedeni so 101 i Yugo ili Lada ne se losi.

И мене ме интересира која димензија на гуми зел Дени за таа цена.
Јас зедов 205/55/16 - ventus 3 за 12 000 - 4 парчиња.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Кинески гуми
« Одговори #9 на: 17 Јули 2017, 10:09:07 am »
Се е еднаш, моабетот беше дали кинески - корејски гуми вреди да се стават или не. Ако гледаме така еднаш треба да заспие некој на волан и да те отепа, еднаш треба да ти се руши цел рид врз тебе додека одиш кон Делчево.


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Споредуваш баби и жаби.

Прво, таа китајска гума ќе ти внесе самодоверба претходно како со таа F30 што сте ја возеле и на следната кривина после одреден период (дожд,лизгаво) отиде.

Кинески гуми се за пензионерска вожња, до работа, на викенд до Грција возеејќи по знаци итн. Не за коли со 200 коња и спортски карактер, освен ако не ги возиш како што пишав претходно.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Кинески гуми
« Одговори #10 на: 17 Јули 2017, 10:13:33 am »
Ок значи некое чиче со голф 4 поло меганче и слично нема потреба да плесне 30000 за премиум и може да си помине со нексен N8000 за 12000 и со остатокот да си плати сервис и регистрација и да си вози по знаци безбедно.
Не се сите тркачи и не возат сите 200кс + коли. Збориме за нормални корисници какви што се 80% во сообраќајот.

Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Кинески гуми
« Одговори #11 на: 17 Јули 2017, 10:14:51 am »
Да.

едит: Меѓутоа темата е многу широка, имаш кинески и „кинески“ како што имаш премиум и „премиум“ гуми.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Кинески гуми
« Одговори #12 на: 17 Јули 2017, 10:20:54 am »
Ako temava e za Nexen, daj brisete ja.
Prvo, izgleda ne se znae koj i od kade e Nexen, pa posto na gumata pisuva Made in China sigurno e kineski brend, a i cenata neli deluva taka.
Daj boze da kupuvaa Nexen site sto kupuvaat kinezarija.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Кинески гуми
« Одговори #13 на: 17 Јули 2017, 10:40:01 am »
Јас не сум видел да се 3-4 пати поефтини туку дали се упола цена ако не и 60%.

Еве јас земав рецимо тазе Ханкук Кинект Еко зошто беа најудобни на тестови. Без попуст без ништо ми испаѓаа некои си 14000 мислам за 4 гуми. Со попуст 10к излезе. Ама еве да земеме дека се по регуларна цена 14к.

Koja dimenzija? 205/55/16 gi zema za 10000, ili 195/65/15?
195-ki ako se, tuka negde im e redovna cena. 205-ki se okolu(pod) 14.000, ama nosat kaj nas kinergy eco vo dimenzija 205/55/16?

Za kineskive gumi, subjektivni ocenki za gumi moze mnogu da bidat razlicni od covek do covek. Moze nekoj najbolje sto osetil i vozel da e Tigar ili Nexen, pa da zbori za kinezarija deka ne e tolku loso.

I GreatWall kineskite koli vo Bugarija sto se sklapaat sporedeni so 101 i Yugo ili Lada ne se losi.

И мене ме интересира која димензија на гуми зел Дени за таа цена.
Јас зедов 205/55/16 - ventus 3 за 12 000 - 4 парчиња.
Мислам дека беа 185/60-р14 ако не се лажам. Или така нешто можда и 65ки беа.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Кинески гуми
« Одговори #14 на: 17 Јули 2017, 10:57:07 am »
65ки од таа димензија се исто скапи ко 195/55/15.