Автор Тема: Правилно седење во кола  (Прочитано 7511 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Правилно седење во кола
« на: 13 Јули 2017, 13:57:03 pm »
Кола се вози како што му е удобно на возачот, т.е. во позиција во која најмалку страда од умор. Вертикален 'рбет можда ти помага тебе, мене ми помага што полегнат да бидам. Нема тука правила.

Actually, не си скроз во право. Не е само комоција во прашање, туку во игра се и безбедност и уште неколку параметри. Вертикален 'рбет не е баш наааајправилно, ама не ни лежење. Ако мислиш дека лежење ти е „комотно“, тоа е само пошто си навикнат така. Седи правилно во кола пола саат и ќе видиш колку е покомотно и полесно, особено на подолги релации.

Најправилно и најергономски седиш ако грбот ти е под агол од околу 100-110 степени. 90 е стварно некомотно.

1. Бутни го гзот наназад колку што може кон наслонот.
2. Оддалечи го седиштето наназад за нозете да ти бидат под агол. Никако скроз исправени нозе. *1
3. Воланот се држи на 9 и 3. *2
4. Подесувај го воланот и наслонот за да ги држиш рацете под мал агол од страна, односно зглобовите да можат да ти го допрат горниот дел од воланот без напор и рамењата да го допираат наслонот позади. Наслонот треба да биде некаде меѓу 90 и 110 степени. *3
5. Правилна висина на седење - начелното правило е да имаш околу една тупаница простор меѓу главата и кровот.



*1. Нозете треба да се подвиткани, за да можеш правилно и целосно да ги стиснеш педалите, и ради безбедност. Ако во нормално седење ти се скроз исправени, нема да имаш доволно сила скроз да ја стиснеш педалата за кочница во итен случај. Дополнително, ако (не-дај-боже) имаш некаква незгода, и нозете ти се скроз прави, нема да може да се апсорбира дел од ударот и многу полесно ќе скршиш некоја коска во нозете.
*2. Воланот се држи (правилно) на 9 и 3. Во оваа позиција имаш најголем range of motion со двете раце истовремено, дури и при нагли маневри. Дополнително, ако (повторно, не-дај-боже) треба да се отвори ербег, го има просторот директно пред тебе. Ако возиш со една рака горе на волан (ко што возам јас рецимо, јебига, навика, знам дека не е правилно), и се отвори ербег, ќе те тресне раката во глава.
*3. Види 1, истиот принцип.

Не се седи ниту предалеку, ниту преблиску до воланот. Преблиску седат огромен процент од жените што ги гледам низ сообраќај, и уште се подподигнуваат на воланот за подобро да гледаат. Ова е неправилно и опасно, особено ако треба да се отвори ербег. Луѓе страдаат заради тоа што седат преблиску до ербегот. Тоа значи дека седиштето не е доволно високо. Ако нема опција за подигање нагоре, тогаш перниче му е мајката.

« Последно менување: 03 Септември 2017, 08:36:16 am zeroSignal »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Правилно седење во кола
« Одговори #1 на: 13 Јули 2017, 14:12:37 pm »
^^
All set:



Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Правилно седење во кола
« Одговори #2 на: 13 Јули 2017, 14:14:47 pm »
^^ Тоа само ако се лажеме дека во road-going кола се седи така. :)



Еве ти ЛаФерари. :)

Еве фотка од basic training-от на BMW пред неколку месеци. Криво ми е што не ни ја дадоа целата презентација, сите овие работи ги има многу убаво објаснето.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Правилно седење во кола
« Одговори #3 на: 13 Јули 2017, 14:19:19 pm »
Па слично е како на скицата. Само што реалните луѓе имаат стомак, за разлика од куклите.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Правилно седење во кола
« Одговори #4 на: 13 Јули 2017, 14:20:45 pm »
^^ Тоа само ако се лажеме дека во road-going кола се седи така. :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Еве ти ЛаФерари. :)

Лажат од ферари мамицуим.. : https://youtu.be/wIMUw5K0SKo?t=127

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Правилно седење во кола
« Одговори #5 на: 13 Јули 2017, 14:22:28 pm »
Ете на 2:45 какво е седењето. Нозете не се тооооооооооолку високо нагоре дигнати. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Правилно седење во кола
« Одговори #6 на: 13 Јули 2017, 14:24:13 pm »
Значи треба како во Laferrari. Да скратиме. Да можело подобро, веројатно ќе го направеле да е подобро.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Правилно седење во кола
« Одговори #7 на: 13 Јули 2017, 14:26:57 pm »
Секако дека треба така.

@Zero:


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Правилно седење во кола
« Одговори #9 на: 13 Јули 2017, 14:38:43 pm »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Правилно седење во кола
« Одговори #10 на: 13 Јули 2017, 14:47:11 pm »
^^

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Правилно седење во кола
« Одговори #11 на: 13 Јули 2017, 15:02:13 pm »
Секако дека треба така.

@Zero:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)



Еве го де. Тоа е тоа. Јас не глеам некој да е легнат. Види го аголот на грбот во однос на нозете. 100-110 степени. :)

Нејсе, поентата е дека не се лежи во кола.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Правилно седење во кола
« Одговори #12 на: 13 Јули 2017, 15:19:10 pm »
Ја стварно не разбирам потреба тема да се усере во 3 поста. Па да не треба и книга со научно истражување да му покажеме на симо? Тупаџија невиден. Ставете слика уште од ariel atom како се седи.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Правилно седење во кола
« Одговори #13 на: 03 Септември 2017, 08:24:50 am »


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Правилно седење во кола
« Одговори #14 на: 01 Декември 2018, 22:14:47 pm »
Се врти сликава по Фејсбук деновиве.



Ни едно не е точно. :)