Како што е редот да го претставам мојот миленик

се работи за Цитроен Ц4 2008 година купен од прва газдарица со 100,000 км со 4 летни нови и 4 зимски нови гуми
Од опрема поседува
ПЛИНСпеед лимитер
Круз контрол
8 воздушно перничиња
подесување на волан висина длабочина
клима
Абс
автоматско затварање прозори
и итн.
Кога го купив на 100,000 му направив голем сервис водна пумпа,ребраст каиш,клинест каиш,антифриз,сменети 2 гумички на баланштагла,преден десен стабилизатор.До сега поминати 3000 за скоро два месеци и сум презадоволен од колата, е сеа си има ситници ме нервира возачката врата на отварање крцка,сакам да го тапацирам воланот бидејки таа што го возела пред мене со прстенот мамата му ја е*ала и здравје да купам оргинал бандаши за летниот сетап, а на челичните да си ги ставам зимските гуми.
Ме изненади осветлувањето при возење во вечерни часови, сум возел многу автомобили (претежно нови) но ни една кола немало вакво добро осветлување дали е до фаровите или до сијалиците појма немам

.само знам дека сеа неам проблеми да возам навечер,за разлика од претходната кола каде што осветлувањето на патот беше како со свеќа да светиш
Еве и некоја слика малце лош е квалитетот ама на +50 степени не ми се стоеше на сонце да сликам


