Верувам дека сите имаме по некоја чудна навика кога се работи за автомобили и општо за возење, што колку и да сте се обидувале да ја промените - не ви успеало.
Еве да го скршам мразот ќе почнам со мои две „чудни“ навики што ги поседувам: првата е кога седнувам во кола и нормално пуштам радио, гласот секогаш морам да го ставам на парни бројки (8,10,14,16 ми се најчести) и ако совозачот го намали/зголеми гласот, го пратам на која бројка ќе застане и ако не е на парна морам да го корегирам. Неможам ни да се сконцентрирам на возењето ако не е гласот на парна бројка.
А другата чудна навика е тоа што кога паркирам го намалувам гласот на радиото на 6 или 8 за подобро да пратам ситуација, и подобро да гледам.
Верувам дека е интересна тема, малку да се нашалиме на сопствена сметка и ако не е на вистинското место - нека премести администрација. Благодарам.
Пуцајте со навики, клабери!