Кај куплерајот врват контроли, прво со сирена ги растеруваат, па кој нема да ја тргне за 2-3 минс си јаде казна. И на паркинг ако си непрописно паркиран си иде пјак, без разлика што си платил(паркингот зад куплерајот што би релќкол зеро
)
Да не се лажеме, масератито, кајен и пар аудиња никој не смее да ги чепне. Во петок на село парти се паркираат на самиот семафор, па дури и во два реда и лента и пол се зафаќа, ако тоа не е дрско, не знам што е. И после зашто се нема доверба во полиција. Да не биде дека удирам по една категорија сељаци, да ги спомнам и таксистите, кои се паркираат на пешачкиот премин и во непосредна близина на пешачкиот семафор.
На толку многу паркинг места околу капитол и бисер, недозволиво е да има паркирани коли во крајната десна лента, тука полицијата треба да има нула толеранција! Значи има и ефтин паркинг за подолго време и бесплатен паркинг до 1 час, или пак да се остаиш на зонско и да претрчаш до трафика, за 5-10 минути не пишуваат казна. Нема простор за никаков изговор.