Очигледно не разбирате и не сфаќате што значи да работиш и да го наплатиш трудот.
Да појасниме наједноставно и најдиректно: во Македонија имаш минимална 26 илјади денари. Во ред, тоа ти е минимална плата за работа. Од тука почнува нагоре, по професии и останато.
Во Германија имаш минимален саат од 14,5 евра. Значи, минималец ти е по саатнина. Во Македонија тоа не е така. Имаш фиксна плата од 26 илјади, па ти ебе си и рачунај колку ќе работиш и колку ќе заработиш.
Е сега, во тие 26 илјади работиш 25 дена, имаш 6 дена слободни. Во тие 26 илјади денари работиш 8 саати. Не ме интересира дали ти ќе работиш 24 часа — јас НЕ. Нема да работам. Зошто да имаме 26 илјади минимална плата?
СЕКАДЕ ВО СВЕТОТ, каде и да отидете, почнувате со, во најмала рака, минималец, односно саат. Во цела Европа и Америка тие се по саатнина. Кај нас не е така.
Јас прашувам на сиот глас: како човек, полнолетен, ќе го мотивираш со жена/девојка, двајца на минималец од 26 илјади денари, тотал 52 илјади денари, да живеат?
Ништо друго не ме интересира — ни политика, ни ништо, ни власт. Дај да работи народ.
Народот си отиде за пари и за работа, не дека не сака да работи.
Фрустрира немаштија. Газиме 40 години независност, збориме за факинг ебена плата од 400 евра, каде еден пар кондури ти е тоа.
Толку.
Бистрете политки колку сакате и расправајте но гладен стомак-друго кажува и крај на месецот.