Аха, имаат.
На Опелот гепекот на место ќе ме оставеше за секунда-две. Отворам - стои. Само што мрднав да земам нешто да ставам во гепек, така силно мавна што се чудев како не се скрши стаклото на петтата врата.
Од шала, па едно 50-60 кила е петтата врата на Опелот.
А кога праиме муабет за 20-25 евра за замена...
Мене ме шибна 5тата врата по глава на А класата од жена ми. Ако не ја кренеш скрос до горе не држи, треба буквално да ја турнеш до горе цела, среќа па така е дизајнирана па бев скоро исправен под неа и не паѓаше големо растојание па не болеше премногу.
Ако веќе е дојдено да ја туркаш, а не се дига сама вратата, требало да бидат заменети лани.
Не ни знаев во тој момент, колата е од нејзините технички, ама ја зедовме ние за да има што да вози таа за низ град (пак јас ја возам 99% од времето). После тоа беа заменети. Зимските гуми пред да ја земам јас колава беа со DOT 2006та.