Нажалост мора вака. Инаку, ако има „простор за пушење“, сите ќе седат таму - заради еден пушач. Така е сега секаде. Сите „тераси“ се полни, а сите простории внатре се празни - иако се ред величини поудобни за седење.
РЕАЛНО најголем проблем на „терасите“ е што станаа презатворени. Значи цел кров се отвара, они го затвараат 99.9999999999999% од времето. Чоек, дај бе отвори го кровот побогу. Небо, дрво, природа се глеа, топ. Не мора цел!!! Нека е пола, нека е четвртина, ќе излага гадното пак, ќе влага воздух. НЕ! Цело затворено да биде! И од страна да се затворени сите “прозори“, се да е затворено, да не влезе воздух. Ова пази за Септември зборам кога времето е БЕСПРЕКОРНО НАДВОР. Топло, пријатно.