Не треба кратење на пристап, вака може да видиме на кој колку му "сечи". Останува само институциите да реагираат навремено со полиција/психолози/психијатри/што и да треба.
Впрочем во саботата вечерта многу беше непријатна атмосферата низ Прилеп. Прво летаа хеликоптер/и, па слетаа. После имаше пожарни, полиција и брза помош низ град. Првично сите мислевме дека имало сообраќајка па транспортираат повредени. Но после полноќ се дозна што се случило...