Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2508922 пати)

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3387
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18000 на: 04 Јули 2025, 20:18:41 pm »
Време беше. Мора да почнеме да дејствуваме по примерот на Израел – таму каде што државата презема активна улога во олеснување на поврзувањето меѓу мажи и жени. Денес, многу луѓе се осамени, без јасна насока или идеја, и не умеат самостојно да се поврзат. Тука мора да интервенира државата – со разбирање за различните околности што ги спречуваат луѓето да изградат блиски односи. Ова не е само прашање на емоции, туку на национален просперитет и стабилно општество. Затоа, потребни се системски решенија што ќе го олеснат поврзувањето, запознавањето и градењето здрава иднина меѓу мажот и жената.

Организирани социјални програми за запознавање

Државна поддршка за семејни вредности

Едукација за емотивна писменост

Финансиски поттик за нови бракови и семејства

Во спротивно – мора да постојат последици.
Оние што свесно го бојкотираат создавањето здрава заедница и немаат волја да се поврзат или придонесат – или ќе се ресоцијализираат преку обврзувачки програми, или ќе го напуштат системот што го поткопуваат.

Нема иднина без здрава структура на маж и жена, без љубов, семејство и одговорност. Време е државата да застане цврсто и без компромис.

Целосна поддршка за предлогот – време беше!
https://www.youtube.com/shorts/0cqc0EbPoA8

Просечен 30 годишен маж чека да умре баба му, за да добие негова соба во куќата во која што живеат фамилијарно... они данок на немажени и неженети зборат, бог да чува.

Јас имам право да зборувам како сакам и што сакам. Ако се пронаоѓаш во тоа, тоа е твој проблем. Ете, некој те потикнал да размислуваш малку подлабоко. Бабите и дедовците се вистински благослов од Бога, мајката и таткото уште повеќе, а братот и сестрата се уште поголемо и непроценето богатство. Сето тоа има огромна вредност ако сите сe живи и здрави, без разлика дали живееме под ист кров или на неколку километри разлика. Токму тоа е вистинското богатство, не собите или даноците.И затоа такво нешто погоре треба да на некој начин и се повторува ред и редоследом.

Чичино овдека покажува 500 к, ама ако јас на секој што ми се обраќа обрнувам внимание и со тој тон му враќам реплика, нема да ми стигне денот. Не ти ги скротувам правата на говор, напротив – уште подобро е кога се размислува и согледува од повеќе аспекти и од различни умови, без разлика на старосна граница или пол. Go ahead!

Додека фурната е топла и лебот се пече, искористи го моментот.. после да не биде стар леб од 3 дена треба да јадам или да ги подгревам кришките на горење...

Абе у болница не можеш крв да провериш ако не ти е познаник директорот, сам си носиш игла да те боцнам, они данок на немажени неженети ќе ставале... па да се породи жена во државниве клиники знаеш дека под дрво и под камен се бараат сестри доктори се моли се коленичи? 

Уште малку нормални основни услови ќе нема за живеење тука, даноци ќе ставале. Гитла ајде.

Не знам дали живееме во иста држава бато?

Животот не е секогаш лесен, а проблемите што ги носиме се големи и не се решаваат брзо. Системот и начинот на кој се управува многу влијаат, но честопати тоа не зависи од нас.

Затоа е важно да најдеме нешто што можеме да го промениме или подобриме, дури и ако тоа значи да ја смениме животната средина. Не можеме да ги носиме сите лоши нешта од минатото со нас, ниту пак да го прифатиме сето добро одеднаш.

Ова е пат што бара трпение, мудрост и сила – да продолжиме напред, да учиме и да растеме, без разлика што ни се случува/ло

Живееме во иста држава но со различна терапија..
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7194
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18001 на: 04 Јули 2025, 21:55:03 pm »
Џимни брату, обично интересни ми се рефератите за читање, ама ако сметаш дека ова е одење во права насока...

Моето гледиште е дека предлогот ќе даде позитивни резултати, според мене. Не е потребно да се сложуваме во сè – постојат теми каде што секој може да се пронајде и на кои може да се изгради добар однос. 🍻🙂

Нека има повеќе вклучени умови, повеќе интеракција и разноликост во дискусиите. Да се слушне секој глас, затоа што доста беше молк. Од некаде мора да се започне.

Ако сакаш резултати, помалку куцај овде :)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9013
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18002 на: 04 Јули 2025, 22:25:38 pm »
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18003 на: 04 Јули 2025, 22:56:35 pm »
Државата не може да биде нееднаква за луѓе во брак и оние кои не се.

Член 9 од Уставот:
Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од
полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и
верското уверување; имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и
законите се еднакви.

Нека не траска премиерот глупости за политички поени.

Кај нас Уставот одамна веќе не е свето нешто. Ке го сменат, по потреба.

Креваш данок на неженети/немажени па креваш ддв на станови.

Профит.

Заследете ме за повеќе финансиски совети.

Да не мислиш на данок на имот? За втор, трет стан?


Noup. Има муабет дека од 1.1.2026 ДДВ на нови станови ќе биде 18% наместо досегашните 5%.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6911
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18004 на: 04 Јули 2025, 23:33:22 pm »
Чичин, што предлагаш?

Нарезак пред Григос или вешалица у Скопски Мерак?


Ребро во фурна, засега имам неколку локации, Џек во Петровец, Дома во Илинден, Еснаф во Струмица, Стар сокак во Ресен, Вулкан во село Косел.
Бирај во кое сакаш таму одиме.

Или џигер со лук и бокал ракија во Убац Ѓорче.
« Последно менување: 04 Јули 2025, 23:59:56 pm FiLo »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9013
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18005 на: 05 Јули 2025, 00:13:24 am »
Чичин, што предлагаш?

Нарезак пред Григос или вешалица у Скопски Мерак?


Ребро во фурна, засега имам неколку локации, Џек во Петровец, Дома во Илинден, Еснаф во Струмица, Стар сокак во Ресен, Вулкан во село Косел.
Бирај во кое сакаш таму одиме.

Или џигер со лук и бокал ракија во Убац Ѓорче.

Страв ми е да не го заколеш Џимката, нејќе Шкоди пустиот...
Ама, ајде... ја као најстар ќе играм дипломат/посредник :))))

Да почнеме со тој фаќен Убац, три-четири пати ми е спомнат, а уште не сум бил - а, ете го дека е!
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6911
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18006 на: 05 Јули 2025, 01:04:12 am »
Џигерот тенок со лук одозгора, пие ракија како луд.
Тамам да се збуни ракијата дали твојот или овој џигер да го нападне.

Или џигер во марамица во Софра, ама тој е дебел како прст, не е за мезе, туку да се најадеш.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3123
  • Слобода или смрт
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18007 на: 05 Јули 2025, 17:46:02 pm »
Да, тоа е проблемот за иселувањето од државата. ЛОЛ. Фукни го најважното под килим.

Ако досега имало иселување, сега уште толку...
Точно, саркастичен беше постот. Наталитет се зголемува со решавање на системските прашања и обезбедување сигурност и светла иднина, да човек не е оптоварен со плата и како да кубури месецот. Не со додатни трошоци да се изиграва Германија со данок кој ќе им ги наполни џебовите на тие што го смислиле преку патни трошоци.

Од лично искуство и мој круг на луѓе не е ниту до парите. Еве сите околу мене од работа зимаат неколку илјади евра плата и повеќето се 30+ без сериозна врска а камо ли деца. Од тим со 10 луѓе само 2ца имаат деца. Најмладиот е 94та година. Дури мислам и негативен ефект има посебно кај женската популација колку повеќе заработуваат помалку сакаат деца и фамилија.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4136
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18008 на: 05 Јули 2025, 18:13:13 pm »
Ене ги во Јапонија, сите системски проблеми решени, најнизок наталитет во светот имаат. Така да тоа до системот е до платата ики незнам што се само изговори. Мое мислење е дека е генерално до социјалните медиуми. Се пропагира од богати инфлуенсери(кои притоа си имаат по неколку деца кој друг им ги расти) дека треба да се шета живее животот итн. Сиромасите веруваат во тоа  и одат на шетање али немаат пари за друг да им ги расти децата.

Друга причина е што сме станати ултра мрзливи. А децата сакаат многу работа околу нив.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3387
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18009 на: 05 Јули 2025, 19:05:09 pm »
Џимни брату, обично интересни ми се рефератите за читање, ама ако сметаш дека ова е одење во права насока...

Моето гледиште е дека предлогот ќе даде позитивни резултати, според мене. Не е потребно да се сложуваме во сè – постојат теми каде што секој може да се пронајде и на кои може да се изгради добар однос. 🍻🙂

Нека има повеќе вклучени умови, повеќе интеракција и разноликост во дискусиите. Да се слушне секој глас, затоа што доста беше молк. Од некаде мора да се започне.

Ако сакаш резултати, помалку куцај овде :)

Моите резултати се искуцани на време.
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3387
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18010 на: 06 Јули 2025, 16:20:41 pm »
Кумановски суџук дајте на невестата 🤠🫶
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3387
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18011 на: 06 Јули 2025, 21:23:46 pm »
Алармантно

Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3387
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6080
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18013 на: 08 Јули 2025, 20:51:48 pm »
Хај гајс Влад хир, велком ту мај њу видео🤣🤦🏻

Од 2005та ми е акаунтот ништо посебно не дешавам, по некоја случајност се накачија луѓе, треба 1000, јас имам скоро 2500, чисто онака од радозналост манав на earn вчера и напишав два збора во about. Oчекував да ја јадам бан ама некој будала го одобрил. То е, збогом сиромаштијо 😆

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 131
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18014 на: 09 Јули 2025, 13:02:58 pm »
Кар клуб форум мк последно време: