Многу убав аквариум, честитки! 400 литри под телевизор звучи стварно моќно – и изгледа и практично. Баш ми се допаѓа идејата со скриени кабли и цевки, чист минимализам! 
Мене ми беше поентата да имам нешто минимално во домот со неколку рипчиња – чисто ради душа. Куглата ми изгледаше како најприфатлива опција, ама изгледа и лоша.
Убаво што сподели уште еднаш прекрасно изгледа!
И јас почнав со кугла и две златни рипки. Уште кога дојдов дома сфатив дека ме заеба таа во пет шопот. Една умре после две недели, а другата после месец дена.
Златна рипка не се чува во кугла, а во глобала и никоја риба не се чува во кугла.
Имаш мали аквариуми од 20 до 40 литри со заоблени рабови. Не заземаат многу место, а можеш да чуваш бета во нив, неонки и слично. Филтрација е задолжителна, а не е лошо да имаш и греач.
Сега направив мал аквариум од 40л со помош на чат гпт. Ми помогна со избор на субстрат, растенија риби... Има два месеца аквариумот и супер се држи, поради малиот волумен менувам 15-20% вода еднаш неделно.
Ако си сериозен во намерата да чуваш рипки а не знаеш ништо околу тоа, многу ке ти помогне.
ПС. Ако продава некој ракчиња во Охрид или Струга нека ми пише.
Sent from my A001LG using Tapatalk