Зборевме за патриотизам замина работата на национализам и нацизам.. Стасавме до дереџе да ти срам да кажеш дека си патриот и дека ја сакаш татковината.
И не знам ама мислам на некој им опали картата национализам ама онај малце скриен, знајш онај продаваме едни вредности ама си ја тераме ние нашата..
Моето искуство и гледиште покажува дека во Македонија има само еден и единствен праведен начин како да ја покажеш љубовта кон татковината и родното место. Сите други изблици на љубов, грижа и слични емоционални активности кои не се согласуваат со тој единствен и праведен начин на покажување патриотизам се на некој начин забранети/неприфатливи.
Уште потажно е што тој еден и единствен праведен правоверен проткаен со вселенска правда патриотизам е активно поддржуван од најобразованиот слој на нашето општество, а не од некоја си недоделкана глава од Свирипичино.
Јас лично сеуште не знам зошто некој треба да ми го покаже/објасни начинот на кој јас треба да си го сакам родното место и мојата татковина.