Како дете ми беа опсесија, секое возење, гледав или да ме пикнат, да дадам гас или било шо или ако ништо да гледам барем, овие кенедиевците ги знаев напамет цела процедура за палење и тргање

. Сега ми излезе видео на јутуб, ме врати во детството. По цели денови особено на распусти се вртевме околу тие вагоните товарни, влези, излези ќумуросан или пак оставај денари на пруга бери ги после

, имаше и едни вагони патнички на крајот од железничката во Бт уште постари од овие шо се користат, дрвени беа, заклучени, се мушкавме да не не види стражар за да обиеме да влезиме внатре да седиме.. Времиња