Само нови карга никнуваат и ретко кое работи како што треба. За Ауто 1 тренд првпат слушам.
ЕЛС карго се претставува како најдобро, објавуваат сториња каде што демантираат ако некој се пожали од нивната услуга (имаше баш случај со некоја инфлуенсерка), а уствари се тежок крш. Пратките стигаат по 4-5 дена. Сопругава беше да си подигни пратка директно од хаб (така ги викаат магацините) и 15 минути се кандисувале за да ја најдат пратката. Прво овде е, па не е овде па не можам да ја најдам и по 15 минути ја нашле. Според некоја статистика (не знам дали е точна) овие од ЕЛС во 2023 година имале најмногу пратки од сите карга, а како им се праќа на фирмиве преку нив не знам со оглед дека работат шалабајзерски.
Јас досега најдобро искуство имам со битолското Карго експрес. Праќам денеска, утре е стигната пратката.