Одењето во градинка и основно треба да биде ограничено по општина, ама да се дозволи да пратиш дете и во соседната општина, ако градинката/училиштето ти е на Икс метри од живеалиштето.
Вака се ствараат некои нелогичности. Кај мене во Влае, не им дозволуваат на децата од Хром да се упишат во Димо Хаџи Димов - основно школо што им е буквално преку улица.
Од друга страна, не може некој со живеалиште во Карпош да праќа дете во школо во Центар, на 5 километри од дома, само затоа што „така му е попрактично“ и „бабата и дедото се блиску“.
Али во суштина, сето ова само го нагласува моментот со недоволно градинки и училишта и македонскиот „треба сите да ги почитуваат правилата, сè додека не ми стреба мене да не ги почитувам“ пристап кон нештата.