Мене пола фамилија ми е изгината по фронтови.
Три прапрадедовци (илинденци - едниот војвода Ташеминов другиот Нанов), два прадедовци - едниот дури на фронт грчко-турска војна, што ниту сакал да биде за 15 години подоцна ѕверски да е убиен во Лариса.
Другите два дедовци убиени на фронтот во Егејска.
Дедо ми ветеран Втора светска + граѓанска Грција.
Бидејќи дедо ми беше жив до 2012 година, многу работи што се случуваа за време на Втора светска и граѓанската војна никаде и никој не сакаше да ги запише како сведоштво.
Имаше 2010 една акција демек да се документираат сведоштвата - стотици сведоштва се дадоа - ништо од тоа.
Со покојниот Љубиша Георгиевски (режисерот/претседателот на парламентот), јас,дедо ми и еден професор имаме седено и разговарно во Хотел Епинал во Битола.
Дедо ми му ги кажуваше сите случувања со дати, за како реално се одвиваа одредени дејства и случувања. Љубиша се чудеше и запишуваа со еден професор по историја од Скопје
На крај и од тоа ништо не бидна.
Историјата јас ја знам ама што кога никој не го интересира, а ете се трудев тоа да се документира.
Тоа е тоа.