Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 3026626 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12345 на: 14 Февруари 2022, 00:53:04 am »
"Вашите љубовни апетити ќе бидат големи, а објективните можности малку помали. Сепак, ќе најдете рамнотежа и задоволство."

- Значи, опет онанирање, мајку му...

"По некоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка."

- Еве, веќе кажав на форум.

"Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро."

- Ова ме плаши...

Ој Меркуре ретрограден, дај прАќини више!
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1275

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12347 на: 16 Февруари 2022, 15:35:13 pm »
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/klubot-lubiteli-na-vozila-go-blokira-bulevarot-vo-bitola-na-protest-za-visokite-tseni-na-gorivata/
овие наши се.......:D ;D ;D ;D ;D ;D

"Блокадата беше пред Општина Битола која нема врска со Регулаторна комисија, но возачите рекоа дека мора од некаде да се почне."

Прејако ;D
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2391
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12348 на: 16 Февруари 2022, 19:14:30 pm »
Уба замисла, ама далеку од реализација.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • French diamond
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12349 на: 16 Февруари 2022, 19:30:54 pm »
Или во превод, малку ви е дупење на тие што не појдовте    ќе плачат после кога ќе оди нагоре  ;)  Типично македонче style.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1275
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12350 на: 17 Февруари 2022, 08:51:53 am »
Се шалев, инаку ок се вакви акции, ама незнам, некој поекономски запознат со ова дали има некаква можност за корекција на цениве. И секако какви ефекти би имало.   
По мое чим не е изборна година, само ќе си протестираме.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2907
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12351 на: 17 Февруари 2022, 12:35:59 pm »
Се шалев, инаку ок се вакви акции, ама незнам, некој поекономски запознат со ова дали има некаква можност за корекција на цениве. И секако какви ефекти би имало.   
По мое чим не е изборна година, само ќе си протестираме.

Како што имаше можност да ја качат акцизата на нафтата за т.н. еколошки мерки, така можат и да ја спуштат. Имаше некои пресметки дека со таа покачена акциза (на тоа додади ддв, транспортни трошоци и сл), дизелот е поскап за околу 15 денари од претходно. Ова независно од Регулаторна, цена на нафтата и курсот на доларот.
Своерачен потпис ;)

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1275
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12352 на: 17 Февруари 2022, 12:56:51 pm »
Да знам еколошка такса, абе ајде еколошка такса да ми наплаќа на приватно возило, ама на службено. Пример јас имам 3 дизели ан фирма. А да купам пик ап електрик, или VAN, немам пари. Види еколошката такса, исто ко даночењето на пазарите треба да се пари кои ќе го вртат кругот, пример еколошка такса треба да се врати при купување хибриди и електрични возила како субвенција. пример. Пример за дистрибутери на леб и лекови поврат на еколошка такаса, зелена нафта за земјоделци и слично.
Ама ние сме далеку од ова, ај да не ја тераме во политика, чим еден народ повеќе се замара за минатото(историјата) него ли иднината тури му рукот. Се извинувам на францускиов.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12353 на: 17 Февруари 2022, 13:09:50 pm »
Овој народ не ја заслужува државава.

И така сите ја чувствуваат како туѓа, покрај тоа што се чукаат во гради како прави „Македончишта“. Во прва прилика ако имаат шанса ќе украдат, ќе наместат тендерче, ќе фатат врска да се напикаат некаде, ќе преќутат ако им зависи бизнисот/работата итн.

чим еден народ повеќе се замара за минатото(историјата) него ли иднината тури му рукот. Се извинувам на францускиов.

Други луѓе ни ја напишаа историјата. Сами ништо не направивме.

Она што навистина се случуваше и како луѓето размислуваа, сето тоа беше избришано.

Било каде да се фатиш е труло и фалисификувано за туѓи интереси.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1938
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12354 на: 17 Февруари 2022, 13:19:47 pm »
Овој народ не ја заслужува државава.

И така сите ја чувствуваат како туѓа, покрај тоа што се чукаат во гради како прави „Македончишта“. Во прва прилика ако имаат шанса ќе украдат, ќе наместат тендерче, ќе фатат врска да се напикаат некаде, ќе преќутат ако им зависи бизнисот/работата итн.

Точно така, сите уа буа ја испокрадовте државата. Доаѓаат нивните 5 минути, ги користат за лична корист. Ништо нема од оваа држава, барем да искористам нешто. Перспективата е многу важна, кај нас е самоуништувачка.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12355 на: 17 Февруари 2022, 13:24:55 pm »
Незнам шо има врска историјата со политиката и тоа дека сите крадат,а народот си ќути.
Не познавам друг народ кој толку се самопонижува.
Оди на Французин,Германец,Енглез кажи му нешто околу неговата историја па да видиш дали ќе се замара или не,дали ќе ти ги "прифати" твоите тези и муабети или ќе си се држи до тоа што го учеле и го знае,па макар и тоа било сосем погрешно.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12356 на: 17 Февруари 2022, 14:53:02 pm »
без минато нема иднина.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12357 на: 17 Февруари 2022, 16:42:39 pm »
Незнам шо има врска историјата со политиката и тоа дека сите крадат,а народот си ќути.
Не познавам друг народ кој толку се самопонижува.
Оди на Французин,Германец,Енглез кажи му нешто околу неговата историја па да видиш дали ќе се замара или не,дали ќе ти ги "прифати" твоите тези и муабети или ќе си се држи до тоа што го учеле и го знае,па макар и тоа било сосем погрешно.

Има многу врска.

Цела историја, сме биле нечии вазали - на цареви, султани, кралеви, марашали.
Секогаш народот кон власта гледал со презир и како нешто туѓо и наметнато.
Тоа си продолжи после 1991 година, дури и на своето.
Едноставно не знаеме како да го чуваме и градиме она што го имаме, бидејќи „програмирани“ сме дека некој друг одлучува во наше име и ние за инает ќе го уништиме тоа.
Тоа се префрла во политиката и поединците што доаѓаат на власт - како да укради од туѓото (а уствари е своето) и да го уништи туѓинецот (а уствари е сопствениот народ).

Французот, Енглезот, Германецот се нации со богата историја на свое и сопствено, со јасен идентитет и чувство за колективност.
Тој светоглед што го развивале самите и заедно, си направија силни нации кои денес никој не им може ништо да им порекни.

Чувството на патриотизам кај нас е да се величат некакви херои (кои самите не се кажале како Македонци - од Александар Македонски па се до 1945) и дали сме биле чистокрвни оти не сме примиле вакцина.

Патриотизам на западот е да работиш за својата држава, да биде убаво за сите. Да платиш данок, да го држиш под контрола оној што е на власт, да понудиш и добиеш одлично образование, здравство, пензија. Да имаш социјална заштита, социјални права.

Ние немаме патриотизам - ние имаме ПАРТИОТИЗАМ.



Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12358 на: 17 Февруари 2022, 17:18:11 pm »
Како ќе им порекнеш кога тие ја пишат историјата и контролираат пари.Ти ќе им порекнеш ама одма ќе те направат будала.Тоа е кога си моќен,затоа сите се тепаат да бидат моќни.
Западњаците се колонизатори,ние не сме.

Како мислиш не се кажале дека се Македонци до 45?
Немој со тие татарски финти жити се.
Заради Партиотизмот и нефукционалноста на системот сме какви шо сме моментално.
А народ си ќути пошо знае и за полошо. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12359 на: 17 Февруари 2022, 18:24:43 pm »
"Секогаш народот кон власта гледал со презир и како нешто туѓо и наметнато."
"Тоа се префрла во политиката и поединците што доаѓаат на власт - како да укради од туѓото (а уствари е своето) и да го уништи туѓинецот (а уствари е сопствениот народ)." Конечно сега тој е власт и и не кради од власта него е обратно и нема причина да биде против некого, ама сепак е.

И на крај некое решение да понудеше ?