Па баш не е муабетот конкретно за електични vs класични аута, туку тие се спомнуваат во контекст на поголемата општа тема за загадување на планетава.
Еве едно конкретно решение (кое Бајсикл веќе го начна): Генерирање елекрична енергија со нуклеарна фузија.
Постојат прототипови на генератори, но досега сите се негативни по учинок (трошат повеќе енергија за да почнат/одржат процесот на фузија, отколку што генерираат енергија).
Еднаш кога ќе се развие ова, а треба да е можно и во рамки на нивото на развој на сегашните технолошки можности, епа тогаш навистина ќе имаме чиста и релативно евтина енергија. И тоа во изобилни количини... Е тогаш може да зборуваме за електични аута, се разбира откога ќе се забранат ќумбиња, кога индустријата ќе се модернизира со користење на новата евтина енергија, кога ќе забраниме пластична амбалажа, и сличните моменти.
Вака што К фајде од електрични аута (па уште и субвенции за нив) кога неколку стотици илјади ќумбиња чадат само во скопско, а едно ќумбе загадува х1000 аута (и тоа стари)... Истово важи и за ЕУ. Можеби таму на западот може немаат толку ќумбиња ама сеуште имаат индустрија и струјата сеуште во голем дел им иде од јаглен/фосилни горива.
едит:
Ако ги напраат ТОКАМАК ќе имаме чист ваздух, сите на ТА печки ќе се грејме и а разлилата од ТА и клима ќе биде занемарлива, а и колите ќе користат не загадлов извор. Е сњга ако трнит нешто наопаку....
Eпа наместо со инвестирање во развој на наука и фокусирање на достигнувања како функционален реактор на фузија, човештвото се замара/заглупува со приказни за екологија преку електрични аута и старт/стоп системи и намалување на „карбонски футпринт“ преку приклонување кон веганство и нејадење месо (пошто кравите произведувале премногу СО2 и слични ретардации).