Бидејќи ја начна дискусијата со Норвешка, да се задржиме на Норвешка. Да не разводнуваме.
Според последни статистики, 98% од струјата во Норвешка доаѓа од обновливи извори, а само 2% од фосилни горива.
Не зборував стриктно за Норвешка туку Норвешка ја земав како пример (пошто истото се дешава и во други ЕУ држави, и општо во ЕУ/западот). Се прави филм за спасување на планетата а ако ги гледаме фактите реалноста е друга.
Прво, ЕУ не е на друга планета.
Еве колку загадуваат сите развиени држави, наспроти Кина:
Еве ја Кина наспроти ЕУ+САД (и сѐ ова е најмалку година дена старо, а трендот го гледате сите):
Второ и ако ја гледаме ЕУ како да е на друга планета, пак реалноста за електричните возила и нивната „екологија“ е далеку од приказните што ни ги кажуваат... Ама доволно е она првото, што ако ЕУ (теоретски) малку го намали загадувањете кога загадување има и од други извори - а сите живееме заедно на иста планета.