Па тоа со таблиците е казна ако те фатат додека ги изнесуваш. Ако не те фатат, никому ништо.
Сега во твојот случај јас што би направил. Јас би ја качил на платформа и ќе ја изнесам од МК (на Табановце од СК е најблиску). Па налево круг и директно со сообраќајната на терминал, увозна декларација од шпедиција, изјава за вредност/купопродажен договор и правец на терминал на царинење. Да биде иста процедурата како со цол таблици и немаш да имаш никаков проблем.
Ако ја однесеш директно на терминал на царинење ќе ти бараат печат на пасош кога имаш влезено со колата на МК територија како дел од документите за царинење. Тогаш може да си играат курташак со тебе, па да мораш да подмачкаш некој или да повикаш пријател, или гореспоменатата казна накалемена со други казни/глупости.
Не мешај ЕУР.1 и COC сертификат. Едното е за повластено царинење на стока која потекнува од ЕУ, другото е хомологација на самата кола. Конкретно за потекло на самата кола имаше некоја гранична сума од неколку илјади евра (4-5) до кои може да поминеш само со изјава дека колата потекнува од ЕУ. За стока со поголема вредност од таа, мораш да извадиш ЕУР.1 за преференцијално царинење на стока која потекнува од ЕУ.
Најдобро е да си прашаш во шпедиција за ова, оти ти го зборувам од сопствено искуство од пред 5-6 години. Можеби се има променето нешто во целата процедура.