Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2372581 пати)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #9120 на: 15 Август 2020, 14:58:45 pm »
Види, на тој што му се брза нека брза, повеќе ми одговара да се поттргнам и да ме престигне, па да си продолжам да си чилам.

Ми се случи пред месец дена во Дреновска клисура да ми се лепи и да ми блендира VW EOS, да ме престигнува во непрегледни кривини и мене и тие пред мене, за на крај најгоре на Плетвар на самиот превој да уринира и во Прилеп да стигнеме во исто време.

Баш во една прилика @зоки-златен рече - никој не се брза, само е к*рташак тоа

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #9121 на: 15 Август 2020, 15:04:08 pm »
Мислиш ќе го видат знакот?

А и да го видат ќе станат уште поагресивни, како со автошколите што ги гледам.

Јас кога бев авто школа, толку многу замараа "возачиве", на крај дури и воен камион се однесуваше агресивно...
Инструкторот испизде, зема да ги пцуе :))))
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #9122 на: 15 Август 2020, 15:06:48 pm »


Види, на тој што му се брза нека брза, повеќе ми одговара да се поттргнам и да ме престигне, па да си продолжам да си чилам.


Ама како така! Па покус ќе останеш ако го пропуштиш да помине! Како ќе го издржи твоето его дека некој те поминал? Па твојата чест ќе се сведе на 0. Никоја нема да те земе, а твојата ќе те остави за некој што не пропушта никого.

Реално на тоа е сведен сообраќајот и 99% од гужвите по патиштава. Што неможе да се тргнеш на десно за да те помине некој.

Јас секогаш се потргнувам кога гледам дека некој би сакал да ме помине и си продолжувам со возењето без да ги напнувам другите возачи.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #9123 на: 15 Август 2020, 15:08:30 pm »
Не можев да го кажам подобро @Deni :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #9124 на: 15 Август 2020, 15:43:47 pm »
@Simo - Carrier159 го има тоа скоцкано најдобро.
"Од ку*от си патиме"

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #9125 на: 15 Август 2020, 15:55:42 pm »
Види, на тој што му се брза нека брза, повеќе ми одговара да се поттргнам и да ме престигне, па да си продолжам да си чилам.

Ми се случи пред месец дена во Дреновска клисура да ми се лепи и да ми блендира VW EOS, да ме престигнува во непрегледни кривини и мене и тие пред мене, за на крај најгоре на Плетвар на самиот превој да уринира и во Прилеп да стигнеме во исто време.

Баш во една прилика @зоки-златен рече - никој не се брза, само е к*рташак тоа
Шо си интересен,брзал човеко да моча горе на плетвар 😁

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk


Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #9126 на: 15 Август 2020, 16:26:04 pm »
Абе нема никаква сообраќајна култура бре брате мили, штом почнале и на автошколи да свират и да се лепат од позади на браник, шо повеќе да дискутираме.
Чаре само каде има можност, пропушти го да вози и нека крши глава.


Ништо, се откажувам од потрага по вакво нешто.  ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #9127 на: 15 Август 2020, 16:58:34 pm »
Често се спуштам од кај Државна. Кога ќе се отвори зелено и тргнува колоната и доколку сум во непосредна близина на приклучокот кај Фуфо имам навика да пропуштам (гестикулации) барем едно возило.

Тоа свирење, ќе ме изедат жив зошто не сум тргнал залепен до возилото пред мене.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #9128 на: 15 Август 2020, 17:13:47 pm »
Често се спуштам од кај Државна. Кога ќе се отвори зелено и тргнува колоната и доколку сум во непосредна близина на приклучокот кај Фуфо имам навика да пропуштам (гестикулации) барем едно возило.

Тоа свирење, ќе ме изедат жив зошто не сум тргнал залепен до возилото пред мене.

Ова треба да се воведе како правило, едно возило од главната лента и едно да се пропушти од споредната лента што се уклучува. Секој треба да има осет, јас обавезно пропуштам по едно барем. 

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #9129 на: 15 Август 2020, 17:36:06 pm »
Ова треба да се воведе како правило, едно возило од главната лента и едно да се пропушти од споредната лента што се уклучува. Секој треба да има осет, јас обавезно пропуштам по едно барем.

Целосно се согласувам со ова. Реално и кога чекам на црвено на тоа место сум пропуштил, и сите досега биле благодарни за истото, дали ќе ти климнат, ќе ти блендираат, ќе ти дигнат рака, whatever.

На крај на ден, сите ќе стигнеме до кај што треба да се стигне.

П. С. Ако не се лажам, во Истанбул ова им е како непишано правило, ако возилото доаѓа од споредна уличка, мора да го пропуштат бидејќи никогаш нема да успее да се приклучи на такви прометни булевари

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30069
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #9130 на: 15 Август 2020, 17:42:30 pm »
Во Германија дури мислам дека е правило-правило. Правило на патент, или како и да го викаа. Кога се спојуваат ленти, едно возило од една лента, едно возило од друга лента.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #9131 на: 15 Август 2020, 17:46:52 pm »
Пред некој ден чекав на семафорите кај Бриколаж во правец кон Ново Лисиче.
Едно типче сврте десно во исклучувањето кај Бриколаж, пресече лента и се пикна во искчучувањето за накај НЛ. Избегна да чека на семафори.

Во меѓувреме се пушти зелено на семафорот каде што чекав јас, го стигнав типчето и престигнав некаде кај ФОН застанав во левата лентата на мостот близнак за право. Типчето беше позади мене и упорно ми блендаше да се поместам за да се пикне преку тротоарот да сврти лево. Немаше како да се поместам.

Се пушти зелено, тргнав, типов ме престигна од лево и паралелно додека возеше до мене почна да разменува работно глаголи.

Нормално дека свртев лево одма позади него иако бев за право наместен.

Го стигнав и му пресеков пат кај ЕВН. Го застанав.

Излегов од кола да го прашам што не му е јасно, почна да цмиздри и да се извинува.

Му ја дадов клоцата во возачка врата, мушки.

Го чекам во темата за вдлабнатини на форумов да се јави, да му кажам како се санира вдлабнатина.

Муабетот ми беше, и толерантноста има граници, и вдлабнатините не се добиваат на кола секогаш на паркинг.


Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #9132 на: 15 Август 2020, 17:53:11 pm »
Така е,ама тоа е далеку од нас,тука кај нас не те пуштат во лента да се престроиш.Има и горе балканци со наочара и голф 4 тди,џамоите спуштени да не троше климата и глас до даска турбофолк со пропрдените мембрани и ке реде се по список ако не е по негово😁

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk


Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #9133 на: 15 Август 2020, 18:20:37 pm »
Во Германија дури мислам дека е правило-правило. Правило на патент, или како и да го викаа. Кога се спојуваат ленти, едно возило од една лента, едно возило од друга лента.

Дап. Вистина е правило и казниво е. Знам дека е казниво пошо девојка ми пред недела дена положи тестови и беше тоа правило како дел од теоријата. Искрен да бидам кога возачите се уиграни брзо оди. На аутопут пред градилиште кога некоја лента се затвара се приметува убаво ефикасноста.


Цитат
https://de.wikipedia.org/wiki/Rei%C3%9Fverschlussverfahren
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #9134 на: 15 Август 2020, 18:41:16 pm »
Среќа ние што сите правила ги почитуваме, па уште некој да се вовеле, абе дечки...
Кај нас од споредна улица се убацува во главна без да сврти глава дали може да влезе, камоли да знае дека има право да се убаци, па тоа ќе биде покољ. Се си е убаво, јасно и гласно кажано во сообраќајот, тоа што поголемиот процент од возачите немаме осет, тоа е друга работа.