Пред некој ден чекав на семафорите кај Бриколаж во правец кон Ново Лисиче.
Едно типче сврте десно во исклучувањето кај Бриколаж, пресече лента и се пикна во искчучувањето за накај НЛ. Избегна да чека на семафори.
Во меѓувреме се пушти зелено на семафорот каде што чекав јас, го стигнав типчето и престигнав некаде кај ФОН застанав во левата лентата на мостот близнак за право. Типчето беше позади мене и упорно ми блендаше да се поместам за да се пикне преку тротоарот да сврти лево. Немаше како да се поместам.
Се пушти зелено, тргнав, типов ме престигна од лево и паралелно додека возеше до мене почна да разменува работно глаголи.
Нормално дека свртев лево одма позади него иако бев за право наместен.
Го стигнав и му пресеков пат кај ЕВН. Го застанав.
Излегов од кола да го прашам што не му е јасно, почна да цмиздри и да се извинува.
Му ја дадов клоцата во возачка врата, мушки.
Го чекам во темата за вдлабнатини на форумов да се јави, да му кажам како се санира вдлабнатина.
Муабетот ми беше, и толерантноста има граници, и вдлабнатините не се добиваат на кола секогаш на паркинг.