Дедето (Бог да го прости) имаше 90+ год., дојде со направијата негова и кажа одма имаш 2 точки во плацов каде што можеш да бушиш и имаш вода. Едната точка ти е појака, имаш жици од 10 па се до 30м длабочина. Избушивме 30м и ставивме цевка Ф240, вода има од 11м, утнал за 1м.
Неповрзано со купување стан ама... Кај нас во регионот за наводнување на полињата е нормална појава да си набиваш цевки на 6-10 метри во земја за подземни води и наводнување. Јас, брат ми и стариот имаме бушено и набивано цевка на четири различни места низ поле. Секогаш мерел некој дедо (како во случајот со Томица) со неговите направии, особено на места кадешто расте бозел.
Мери, ти кажува од прилика на која длабочина е, правиш дупки со бор машина на цевката за да не собираш камења и набиваш. Проценката за длабочината не е била точна до сантиметар, ама во мојот случај не промашија. Дали е среќа или инцидентно не знам, ама знам дека не сме ваделе цевка затоа што немало вода.