Слушам на вести, кафанџиите ги отпуштиле работниците, немале скршен денар за плата, не сакаат да земат (не им требало) кредит (помош од владата) за да поделат плата на некој што не работи, односно нека си го земат кредитот (помошта) отпуштените работници...
Се потсетив на стар муабет

На времето, поради зголемен обем на работа барав покачување на платата за 1000 денари, газдата ми кажа дека немал, сме земале повеќе од него.
Ми падна жал и му реков да стави клуч, да не се мачи ако не може да извади повеќе од мојата плата.
Тој ми вели, ама сите вие (20 души) земате повеќе од мене
