Преформатирај го УСБто во НТФС.
Како се прави тоа? И јас имам исти проблем
Ако имаш нешто на УСБто, ископирај го, пошто со форматирање све се брише.
После тоа, во Виндоус Експлорер (под претпоставка дека користиш Виндоус), десен клик врз икончето на УСБто, или во левата страна кај што е дрвото, или во десниот дел кај што се иконите.
После, избери опција Format..., ќе ти се отвори ново прозорче. Таму на дроп даун менито ќе избереш НТФС, големината на кластерите можеш на дифолт. За преформатирање на фајл систем, би препорачал да не се прави “Quick Format”, односно тој бокс да се отштиклира.
Ќе те предупреди дека сите податоци ќе бидат избришани, ќе му кажеш “јес”.
По некое време (во зависност од капацитетот и брзината на УСБто), форматирањето ќе заврши и ќе можеш да ставаш фајлови поголеми од цирка 4 гига на него.