Да се надоврзам на муабетот за новиот данок за возилата од пред некој ден. Данокот ќе биде замена за акцизата, се очекува кај поефтините возила да нема значителни промени во цените, кај поскапите да има зголемување на цените.
Најголема промена ќе има кај цените на хибридните возила, кај кои е најавено воведување на акциза. Таму зголемувањето ќе е во повеќе илјади евра.
Новиот данок ќе се пресметува врз основа на две компоненти: вредност на возилото и емисијата на CO2 според NEDC. Критериумите за пресметка и стапките на оданочување сеуште не се дефинирани.
Она што е сигурно е дека царината нема да се откаже од ниту едно евро од нејзиниот дел и дека сме страшно глупа држава
