Би сакал да сум грешка, поготово во 1 и 2.
1. Една минута MP3 (320kbps) ~ 2.4Mb;
2. Должина на просечна песна - речиси невозможно да се даде - од <2 минути (punk short stops) до >20 минути (џез стандарди / електронски епопеи). Просечна должина на радио едит (3-5 минути). Ајде да речеме 5 минути;
3. Просечен број на песни по албум - речиси невозможно да се даде освен ако не се води сметка за жанр и медиум (74 минути максимум по CD, 50 минути максимум по плоча ако сакаме каков таков квалитет). За аргументација, да речеме од 12 - 15 песни по просечен албум, односно 15, за да имаме предвид и двојни албуми.
Сето ова вели:
2TB ~ 166,600 песни ~ 11,110 албуми ~ 11,250 дискови ~ 16,660 винили.
Винилите варираат значително. Ама значително. Нова копија на Dave Brubeck - Time Out во моментов е 850 денари, а нова копија на Snoop Dogg - Doggy Style = 1,800 денари. Кај половните, ако се сака зачувани (што секако се сака) цените не се нешто пониски, а понекогаш повисоки, зависно од реткоста и достапноста на плочата. Да не почнам муабет за преферирани изданија.
За споредба, дел од просечна колекција администрирана со Discogs апликацијата, за 200 винили, вели распон на вредноста од 3.5К евра (минимум) - 5.3К евра (медијана) - 8К евра (максимум) според моменталните вредности за секоја плоча во моментов на понуда на Discogs.
Тоа резултира со цени на винили од 17.5 евра до 40 евра. По плоча. Да ја земеме медијаната од 25 евра.
16,660 винили * 25 евра ~416,500 евра.
Секако, транспорт, складирање и оддржување на 16,660 винили не се мачкина кашлица.
Полица со квадратен пресек од 35х35 сантиметри во просек собира ~60 плочи (без гмечење). Просечен ѕид со висина од 2.60 метри и ширина од 5 метри ќе собере ~6,000 плочи, под претпоставка дека се наредени од крај до крај.
За дискови, не можам да дадам попрецизни информации, но чинам дека цените се нешто повисоки.