Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2776425 пати)

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1296
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6780 на: 03 Јули 2019, 15:43:20 pm »
Питањце...

Ако имам околу 2 ТБ музика во мп3 формат со 320 квалитет, колку пари (приближно) би ми требале истата да ја префрлам на оргинал винил/цд?
Мислам дека околу 300-350€ и мноооооогу време

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22281
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6781 на: 03 Јули 2019, 15:43:54 pm »
Да не си утнал една нула?
Зборам за купени на ново.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1296
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6782 на: 03 Јули 2019, 15:45:35 pm »
Да не си утнал една нула?
Зборам за купени на ново.
Според брза глупа пресметка кажав, Колку цедиња би ти требало за ова?
Едит појма неам брат

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6295
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6783 на: 03 Јули 2019, 15:46:20 pm »
25/35 евра по албум за винил на ново, цд 10/20 евра отприлика
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22281
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6784 на: 03 Јули 2019, 15:52:11 pm »
Кај мене вика вака:

1. Просечна песна (по траење) со 320 квалитет во просек зафаќа 10 МБ.
2.Просечен албум има 10 песни  = 100 МБ.
3. 2 терабајти = 2 милиони мегабајти = 20.000 албуми.

20.000 албуми x 20 евра за винил =  400.000 евра.
20.000 албуми x 10 евра за ВД = 200.000 евра.

Би сакал да сум грешка, поготово во 1 и 2.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9182
  • Пичлеме
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6785 на: 03 Јули 2019, 15:53:28 pm »
Јас како што те сфатив:

Независно од битрејтот на музиката, 2TB си се 2TB, то ест 2TB се 2,048,000 MB. Ако зборуваме за обично ЦД кое има капацитет од 700 MB, тогаш ќе ти требаат 2926 ЦД-а. Како се движат цените на оригинални рекордабл ЦД-а појма неам, не сум користел одамна, а и кога сум користел сум користел најобични од 10 денари.

Барем блиску сум до она што го бараш? :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22281
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6786 на: 03 Јули 2019, 15:54:25 pm »
Прашањето е истата музика која веќе ја имам во мп3, колку би коштала како оригинал винил/ЦД.
Инаку секако планирам да го остварам ова, али ќе морам да направам приоритетна листа од барем 100 албуми за почеток.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6787 на: 03 Јули 2019, 16:05:56 pm »
Каде ќе ги чуваш 20.000 албуми?

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22281
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6788 на: 03 Јули 2019, 16:08:26 pm »
Имам резервирано зид во дневна за тоа.


Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9182
  • Пичлеме
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6789 на: 03 Јули 2019, 16:08:32 pm »
Питањце...

Ако имам околу 2 ТБ музика во мп3 формат со 320 квалитет, колку пари (приближно) би ми требале истата да ја префрлам на оргинал винил/цд?

Прашањето е истата музика која веќе ја имам во мп3, колку би коштала како оригинал винил/ЦД.
Инаку секако планирам да го остварам ова, али ќе морам да направам приоритетна листа од барем 100 албуми за почеток.

Јас сум збунета :)
Стварно не знам како да ти одговорам. Ама ајде јас да прашам, какви би биле тие оригинали во осакатен мп3 формат со 320 битрејт? Која е поентата?


Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6790 на: 03 Јули 2019, 16:11:00 pm »
Питањце...

Ако имам околу 2 ТБ музика во мп3 формат со 320 квалитет, колку пари (приближно) би ми требале истата да ја префрлам на оргинал винил/цд?

Wow. :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22281
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6791 на: 03 Јули 2019, 16:13:48 pm »
Питањце...

Ако имам околу 2 ТБ музика во мп3 формат со 320 квалитет, колку пари (приближно) би ми требале истата да ја префрлам на оргинал винил/цд?

Прашањето е истата музика која веќе ја имам во мп3, колку би коштала како оригинал винил/ЦД.
Инаку секако планирам да го остварам ова, али ќе морам да направам приоритетна листа од барем 100 албуми за почеток.

Јас сум збунета :)
Стварно не знам како да ти одговорам. Ама ајде јас да прашам, какви би биле тие оригинали во осакатен мп3 формат со 320 битрејт? Која е поентата?




Не бе Ипкис...

Јас веќе ја имам музиката (осакатена) со (во просек) 320 битрејт...и таа си зафаќа околу 2 терабајти вкупно.
Појма немам колку албуми се тоа на број, но би сакал да знам колку би коштало кога истите би ги купил како оргинал ЦД или винил.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6792 на: 03 Јули 2019, 16:25:19 pm »
Би сакал да сум грешка, поготово во 1 и 2.

1. Една минута MP3 (320kbps) ~ 2.4Mb;

2. Должина на просечна песна - речиси невозможно да се даде - од <2 минути (punk short stops) до >20 минути (џез стандарди / електронски епопеи). Просечна должина на радио едит (3-5 минути). Ајде да речеме 5 минути;

3. Просечен број на песни по албум - речиси невозможно да се даде освен ако не се води сметка за жанр и медиум (74 минути максимум по CD, 50 минути максимум по плоча ако сакаме каков таков квалитет). За аргументација, да речеме од 12 - 15 песни по просечен албум, односно 15, за да имаме предвид и двојни албуми.

Сето ова вели:

2TB ~ 166,600 песни ~ 11,110 албуми ~ 11,250 дискови ~ 16,660 винили.

Винилите варираат значително. Ама значително. Нова копија на Dave Brubeck - Time Out во моментов е 850 денари, а нова копија на Snoop Dogg - Doggy Style = 1,800 денари. Кај половните, ако се сака зачувани (што секако се сака) цените не се нешто пониски, а понекогаш повисоки, зависно од реткоста и достапноста на плочата. Да не почнам муабет за преферирани изданија.

За споредба, дел од просечна колекција администрирана со Discogs апликацијата, за 200 винили, вели распон на вредноста од 3.5К евра (минимум) - 5.3К евра (медијана) - 8К евра (максимум) според моменталните вредности за секоја плоча во моментов на понуда на Discogs.

Тоа резултира со цени на винили од 17.5 евра до 40 евра. По плоча. Да ја земеме медијаната од 25 евра.

16,660 винили * 25 евра ~416,500 евра.

Секако, транспорт, складирање и оддржување на 16,660 винили не се мачкина кашлица.

Полица со квадратен пресек од 35х35 сантиметри во просек собира ~60 плочи (без гмечење). Просечен ѕид со висина од 2.60 метри и ширина од 5 метри ќе собере ~6,000 плочи, под претпоставка дека се наредени од крај до крај.

За дискови, не можам да дадам попрецизни информации, но чинам дека цените се нешто повисоки.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22281
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6793 на: 03 Јули 2019, 16:28:22 pm »
Браво.
Благодарам.
Да си жив и здрав.
Имаш пиво за ова.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6794 на: 03 Јули 2019, 16:29:05 pm »
Додадов уште нешто додека да одговориш, а обично се занемарува - складирање и транспорт.